Пенелопе Круз во фармерките што ги издолжуваат нозете изгледа како милион долари

Прекрасно издание на познатата актерка

Пенелопе Круз овие денови е во Венеција на 76 Венецијански филмски фестивал. Атрактивната Шпанка не престанува да не изненадува со своите модни изданија, како на црвениот килим, така и надвор од него. Папараците ја фатија додека се шета низ преубавиот град, облечена многу полежерно отколку што имавме пригода да ја видиме во претходните денови. Имено, Пенелопе за прошетка избра спортска елеганција – кратко црвено сако со двојно закопчување со елегантни сини фармерки со трапез крој (ѕвонарки), а целото издание го зачини со двобојна Шанел чанта и црни апостолки со дебел ѓон.

ADVERTISEMENT

Познатата убавица која е висока 168 сантиметри, направи одличен потег со изборот на овие фармерки, бидејќи ваквиот модел визуелно ги издолжува нозете, а плус поради дебелиот ѓон на црните апостолки познатата актерка изгледа многу повисоко отколку што е навистина.

Полиците во продавниците секојдневно се збогатуваат со нови модели на вакви трапез фармерки, па не е тешко да заклучиме дека ќе имаат голема популарност во месеците што следуваат.

Bershka

Bershka

L’agence

Mango

Mango

Tom Ford

Zara

Zara

 

Facebook Comments
(Visited 206 times, 1 visits today)