Пендаровски со прекрасен гест- ја посети малата Ембла, па фатени за рака ја испрати до училиште
Малата Ембла од Гостивар имаше чест претедателот Пендаровски да ја одведе до училиште.
Приказната за 11-годишната Ембла од Гостивар, девојче со Даунов синдром ја крена цела Македонија на нозе и никој не остана рамнодушен
Поради тоа што девојчето е со Даунов синдром таа беше дискриминирана од родителите на нејзините соученици, кои со петиција барале Ембла да не биде во исто одделение со нивните деца.
„Поради тоа што Ембла пречи за време на наставата и поради тоа што е агресивна, сите родители донесовме одлука да ја бојкотираме наставата“, се вели во петицијата.
Овој настан поткрена вистинска лавина од реакции, па беше соопштено дека Народен правобранител ќе го посети училиштето и ќе биде направена инспекција.
По сето ова претседателот Стево Пендаровски реши лично да оди во нивниот дом и да разговара со родителите на Ембла.
-Децата со атипичен развој не само што треба да ги уживаат правата кои им следуваат, туку и да се чувствуваат еднакви и добредојдени во светот кој природно им припаѓа – училишните клупи и училишниот двор. Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а инклузијата е потребно да биде основниот принцип.
Прекрасната енергија на Ембла имав чест да ја почувствувам денеска во нејзиниот дом и училиште во Гостивар-напиша Пендаровски на својот фејсбук профил.
Ембла насмеана и фатена за рака со претседателот денеска отиде во училиште.
„Во ова општество сите сме еднакви. Дојдов да ја дадам мојата поддршка и да ја кренеме свеста дека инклузијата е основен принцип“, рече претседателот Пендаровски.
Инаку Хелсиншкиот комитет оцени дека петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на општеството кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас.