Вирално
Паметниот КОЊ помина на „зебра“ и се прошета по тротоар во близина на КЛИНИКА во Скопје (ВИДЕО)
Претходно коњот бил забележан и кај Цветен пазар во Капиштец

Случајни минувачи попладнево го „уловиле“ коњот кој слободно се шетал низ неколку локации на главниот град и ни доставија фотографии до нашата редакција.
Животното е забележано како се движи по бул. „Мајка Тереза“(поранешна „Водњанска“) во непосредна близина на Клинички центар во Скопје, како што можеме да заклучиме од приложеното видео, коњот пешачи по тротоарот, во еден момент застанува покрај трафиката, како да сака да „си купи“ нешто, а потоа поминува на „зебра“ или пешачки премин како да знае каде наумил да оди.
Претходно коњот бил забележан и кај Цветен пазар во Капиштец.
Нас навистина не насмеа ова видео, се надеваме дека и вие ќе се расположите од постапките на овој паметниот коњ.