Павле Богоевски некогаш и сега – пронајди ја разликата

Паjo пред и по револуцијата

Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски

Откако на руските социјални мрежи се појави „бомбата“, објавена на профилот на Илија Громовник, во која наводно пратеникот Павле Богоевски нарачува кокаин, социјалните мрежи не стивнуваат со шеги на негова сметка.

Пратеникот кој беше еден од водачите на Шарената револуција, се огласи и потврди дека во прашање е неговиот глас, но и појасни и дека не станува збор за кокаин, туку за масло од канабис наменето за негова пријателка која е болна од рак. Но и покрај тоа што негира дека набавува кокаин, твитерџиите се немилосрдни, па на социјалните мрежи можете да прочитате безброј коментари во кој тераат сеир со него.

ADVERTISEMENT

 

 

 

Инаку, целито статус на Богоевски во врска со настанот можете да го прочитате во продолжение.

„Вчера на руска социјална мрежа беше објавено аудио кое авторот го нарече БОМБА и каде тврди дека нарачувам кокаин. На нашите мрежи, прво беше споделено од пропагандната твитер машинерија на ВМРО ДПМНЕ и од порталите блиски до нив, а потоа веќе го споделуваа и сите останати.

Би сакал да расчистам неколку работи:

Дали тоа е мојот глас на снимката? Да. Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет? Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно.

Немам никаква намера да се правам светец, ниту да глумам дека сум изненаден зошто мојот политички противник одбра токму вака да ме нападне. Ама немам намера ниту да се правдам за мојот приватен живот. Во оваа „БОМБА“ нема договарање на милионски криминали. Нема заговарање за уништување животи. Нема местење избори. Нема ендеци и запалени кафани. Има наводи за мојот приватен живот, кои (во овој случај) се извадени од контекст.

Исто така, очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата.

п.с. Крајно време е да ја олабавиме законската рамка за медицинска употреба на канабисот и да ја декриминализираме личната употреба. Поддршка за луѓето што се влечат по судови поради тоа што произведуваат масло за болните!“

Facebook Comments
(Visited 578 times, 2 visits today)