Официјално: Се забранува движењето на сите граѓани од 24 мај, во 11:00 часот до вторник, до 05 часот

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд, соопшти премиерот Оливер Спасовски на совојот Фејсбук профил.

 

 

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро, напиша Спасовски.

Facebook Comments
(Visited 328 times, 1 visits today)