Реклама
Вирално

Како да најдете работа во најсреќната земја на светот – Финска

Реклама

Да барате работа во Финска е вистински предизвик

Финска најголема стапка на невработеност имала на почетокот од деведесеттите со 20% додека денес оваа бројка е под 10 %.

Маркетинг

Според статистиките, платите во Финска се на ниво на просекот на 33 држави членки, но затоа работното време е пократко, стапката на невработеност помала, а бенефитите за невработените многу поголеми.

Токму овие причини ја прават Финска една од најпривлечните земји за оние што бараат работа од сите краеви на светот.

Маркетинг

Но и во самата Финска постојат некои разлики кои доколку планирате да барате работа во оваа земја треба да ги знаете. Така на пример во руралниот дел нема многу слободни работни места. Работа најлесно ќе најдете на југот на Финска и во големите урбани средини каде има потреба од работници од сите области. Интересни е тоа што денес во Финска голем број работи се засновани на постојан договор со привремено вработување, а вработените мораат да бидат образувани и постојано да се надоградуваат со нови вештини.

За оние што планираат да најдат работа и да живеат во Финска, потребна им е дозвола за престој која се добива на основа на работен однос, а која ви ја дава државата Финска. Секако, доколку планирате да работите само до три месеци не ви е потребна оваа дозвола за престој за која можете да се пријавите и електронски, преку е-пошта.

Потребни ви се две фотографии, но кои треба да се според прописите во оваа земја (димензии и сл). Барањето за прва дозвола за престој во Финска се добива пред да се влезе во Финска. Барање за издавање на оваа дозвола се поднесува исклучиво во амбасадата на Финска во вашата земја. Само во исклучителни случаи оваа дозвола може да се добие дури откако ќе влезете во Финска.

Без овој документ дозвола за работа во Финска е можна сам во следниве неколку ситуации:

Ако сте наставник, преведувач, професионален уметник, спортски судија, спортски тренер, специјалист, сезонски берач и работите на основа на повик или договор во времетраење најмногу до 90 дена.

Ако сте водач на туристичка тура низ Финска, интернационален возач кој превезува роба од некоја земја во Финска, најмногу 90 дена.

Ако сте морнар што работи на пловило

Ако сте истражувач и во Финска доаѓате на основа на споразум, заради потреби на научно истражување, најмногу 90 дена.

Еднаков третман за сите

Дискриминацијата во Финска е строго забранета и законот бара подеднаков третман за сите. Работодавачот не може различно да ги третира луѓето на основа на пол, старост или етичка припадност, индивидуалност, врз база на вашето размислување, верување, политичка активност или било што друго. Па така ако кај нас некој работодавач бара кандидат кој не е постар од 40 години, во Финска ваквите работодавачи ќе бидат санкционирани.

Ова се однесува и за политичките врски и сл..

Информации за платите

Кога ќе побарате информации за висината на платата, цифрите обично се прикажани во бруто облик, па сами треба да пресметате колку ќе ви одбијат, а колку ќе завршат во ваши раце, односно колкава ќе биде вашата нето плата. Но за ова имате повеќе информации на линкот www.vero.fi/en/individuals/.. Тука имате објаснето сé што ви треба и на англиски јазик, а имате и калкулатор кој точно ви ги пресметува давачките и преку кој можете да пресметате сé што ве интересира во врска со вашата плата.

Платите се исплаќаат еднаш или два пати месечно, но почесто еднаш месечно. Ја добивате на банкарска сметка што сте му ја оставиле на работодавецот.

Од бруто платата се издвојуваат даноци за општина, државен данок и данок за црква (околу 1 %) доколку сте дел од црковна заедница. Од парите што се собираат од платите на вработените, парите одат на образование, социјална сигурност, социјална и здравствена услуга, одржувањето на државна организација и институции, за војска и сл.

И покрај тоа што даноците се значаен дел од бруто заработката, платата што ќе остане е сосема доволна за живот.

Што се однесува до висината на платите, тие се движат од 3000 до 8000 евра, а просекот е од 4000 до 4500 евра.

Што се однесува до дефицитарните работи во Финска, состојбата е следна. Пред неколку години дојде до смена на една цела генерација на медицински сестри кои заминале во пензија и одеднаш се создаде потреба за огромен број на медицински сестри. За да биде задоволен овој огромен број на работни места, во следните години секое четврто дете би морало а учи школо за медицинска сестра, а тоа не е реално, посебно затоа што Финците се заинтересирани за некои друг науки. Заради тоа Финците се во потрага да регрутираат медицински сестри од странство. Но проблем е тоа што за оваа работа потребно е да знаете фински јазик, и тоа на прв поглед им изгледа страшно на сите што сакаат да конкурираат, но факт е дека оние што ќе ја преминат оваа препрека и ќе совладаат одредено ниво на финскиот јазик ќе се вработат со услови кои се добри и за останатиот дел од светот. Јазикот за работа како медицинска сестра е потребен посебно затоа што треба да комуницирате со пациенти, бидејќи во спротивно би можеле да го загрозите здравјето на истите.

Покрај медицинските сестри, барани се и психолози, готвачи, спортски тренери дадилки, стручни лица од областа на финансиите, бабици, фармацевти, стоматолози, софтер девелопери, заболекари…

Испратете биографија

Денес благодарение на ЕУРЕС мрежата за вработување, мобилноста на вработените е многу голема, бидејќи во склоп на ЕУ постојат околу 1000 советници, па така и во сите градови во Финска се наоѓаат вакви центри каде советниците им помагаат на компаниите да пронајдат работници од странство, како и на Финците што сакаат да работат во некоја друга земја. Овие канцеларии во Финска се многу важни за луѓето од странство што сакаат да работата Финска.

Тие често одржуваат и саеми во деловите од Европа каде невработеноста е голема, па така овие канцеларии најчесто ги избираат Полска, Чешка, Унгарија и Словачка.

Секако, и останатите луѓе од ЕУ и надвор од ЕУ можат преку сајтот на ЕУРЕС да бараат работ во Финска.

Потребно е само да направите налог, да ја закачите вашата биографија и да се надевате дека некој работодавец ќе ве контактира.

Инаку Финска која во минатото беше јазично и етнички хомогена земја и поприлично резервирана за странците, од 2007 година потполно ја менува својата политика на ова поле. Имено, откако тогаш на чело дојде новата влада со Мати Ванханен кој донесе нов програм за странци и имигранти, ставот на некои Финци се промени од корен и тие одличија на странците да им понудат топло добредојде, па денес таков е и ставот на повеќето Финци. Секако дека има и такви кои се уште се резервирани, но за среќа тие се се помалку. Токму затоа од 2008 година е засилен и приливот на странци кои доаѓаат да работат и живеа во Финска.

Околу 75 % од нив се семејства со деца.

Работно време од 24 часа неделно?

Новата премиерка на Финска е Сана Марин која со своите 34 години е најмладата актуелна премиерка на светот.

Нејзината идеја за четиридневна работна недела со шест работни часови се уште е жешка тема во оваа земја.

„Работна недела од само четири дена, шестчасовен работен ден. Зошто тоа да не биде нашиот следен чекор? Дали работното време од осум часа е засекогаш дефинирано? Верувам дека луѓето заслужуваат да поминат повеќе време со своето семејство и со саканите, занимавајќи се со своите хобија и другите аспекти од животот како на пр. културата. Тоа може да биде следното скалило за нас во работниот свет“, изјави неодамна Сана Марин за Хелсинки Тајмс.

Најсреќната земја на светот

Финска е позната и како најсреќната земја на светот, но нејзиното население старее многу побрзо од повеќето други земји, па затоа тамошната влада е приморана да најде нови жители кои ќе помогнат во издржување на се поголем број пензионери, пишува Блумберг.

Недостасуваат 150.000 работни места

Денес 140.000 луѓе повеќе имаат работа во однос на периодот кога Јуха Сипилја во 2015 ја презеде премиерската функцијата. Но и покрај тоа, се уште се потребни околу 150.000 нови работници со кои најсеверната членка на еврозоната би можела да го одржи својот социјален систем.

Финансирањето на наптиот нордиски модел на благосостојба, кон не прави да бидеме најсреќна земја на светит со неверојатно висок животен стандард, зависи од нивото на вработеност, изјави тогаш Аки Кангасхарју, главниот економист во Nordea Bank.

„Финска мора да обезбеди секој што може да работи да има работа“, беше неговиот заклучок.

Извор: Мрежа мира, Индекс.хр, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button