Откритие што нѐ интересира сите нас: За колку време коронавирусот угинува во вода на собна температура

Експертите од Државниот истражувачки центар за вирологија и биотехнологија Вектор спроведоа студија за способноста на вирусот да живее во вода.

Околу 99,9 отсто од неговите честички угинуваат на собна температура на водата за 72 часа, соопшти прес службата на Сојузната служба за надзор и заштита на правата на потршувачите и добробит на луѓето за агенцијата Тасс.

Докажано е дека вирусот во дехлорирана и солена вода не се размножува, но може да се зачува.

При тоа, времето за деактивација на новиот коронавирус директно зависи од температурата на водата.

Во вода на собна температура 90 проценти од вирусот на болеста ковид-19 угинува во текот на 24 часа, а 99,9 отсто во текот на 72 часа, наведено е во соопштението.

Врелата вода доведува до негова целосна деконтаминација и истребување, додека во хлорирана вода вирусот потполно ја губи способноста за одржливост.

Со порастот на температурата на вода бројот на одржливи вирусни честички значително се намалува, стои во соопштението.

(Visited 229 times, 1 visits today)