Она што му се случи во Грција заради песна цел живот ќе го памти – МАКЕДОНСКИОТ ПЕЈАЧ шокиран од потегот на соседите!

Македонскиот пејач добил забрана за влез во Грција по еден негов настап таму.

Фолк-пејачот Јордан Митев е еден од најангажираните музичари во Македонија. Важи за голем професионалец, а публиката го препознава тоа кај него.

На местата на кои настапува секогаш има одлична атмосфера, а публиката секогаш е на нозе.

ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук

Најбаран е во дијаспората, каде пред пандемијата настапуваше постојано.

ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук

Со оглед на тоа дека рестрикциите околу вирусот Ковид 19 престанаа, пејачот набргу ќе се врати на своите работни обврски, кои секако со нетрпение ги очекуваа сите.

Во текот на својата кариера патувал во скоро сите земји ширум светот и од секаде носи големи импресии.

Но, најголем впечаток му оставил настапот во Грција, кој ќе го памети целиот живот. Поради тој настап доживеал и непријатност.

ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук

Случката ја раскажа во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија.

„Би издвоил настап во 2015 кај нашиот јужен сосед. Тоа беше голем настап, на 25 декември. Поради тој мој настап имав и забрана за влез во Грција.“

„Тоа беше доста еуфоричен настап, кај што беа присутни многу луѓе, се пееше македонска песна“.

Тој настан би го издвоил бидејќи имаше една посебна енергија која што и ден денес кога ќе ми текне на тоа и самиот се ежам. Можам да кажам дека секаде сум прифатен од публиката максимално, во секоја земја во која одам“, кажа Митев во споменатата телевизи9ска емисија.

ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук

Инаку, на македонската музичка сцена Митев опстојува повеќе од 15 години.

Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Потекнува од Подареш, радовишко, местото за кое секогаш со гордост зборува.

Најпрво почнал да свири хармоника, па после пијано, па се надоградил со знаење за останатите инструменти.

ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук

Она што малкумина го знаат е дека на сите негови песни, тој сам си ги снима инструментите.

Во својата досегашна кариера може да се пофали и со голем број композиции кои тој ги напишал, некои од нив се наградувани во Македонија.

Со својот талент успева да ги стане на нозе и оние кои сакаат да се веселат и оние кои ретко стануваат да танцуваат. Една од неговите понови песни крие многу тажна приказна која пејачот ја раскажа во јавност.

ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук

„Оваа песна е создадена врз вистинска приказна. Еден човек, наш, Македонец од Италија ми се јави пре Нова Година во не добро расположение и ме замоли да напишам песна која што ќе биде посветена на татко. Бидејќи тој поради одредени причини не бил присутен на неговиот последен поздрав.

Човекот беше погоден од сето тоа, мене ме погоди целата таа приказна и се роди оваа песна. Има моменти кога треба да се опее и неубавата страна на животот.

Ретки се песните кои се посветени на татко. Поготово во ова време кога многу луѓе во оваа пандемија заминаа. Со видеото сакав да покажам атмосфера каде што нема луѓе, нема веселба, ресторанот е затворен, само јас и музичарите ја пееме таа песна. Интересна композиција која веќе добива одлични коментари, се надевам ќе остане и ќе се пее понатаму“, кажа пејачот.

ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
ФОТО: Јордан Митев / Фејсбук
(Visited 2.096 times, 1 visits today)