Реклама
Интервју

„Омилени ми се Биркеншток сандалите и се што е наследено од плакарот на мајка ми и баба ми“

Реклама

Интервју со модната блогерка Марија Стојковска

На блогерската сцена во Македонија јасно можеме да издвоиме неколку модни блогови, а меѓу нив секако е и блогот „Fabulous is Freedom“, зад кој стои Марија Стојковска. Оваа симпатична и фина скопјанка има 20 години,а во моментов живее и студира Маркетинг и односи со Јавноста во Љубљана. Нејзиниот блог и Инстаграм профил обилуваат со фотографии кои зрачат со нејзиниот префинет стил изграден врз францускиот шик кој оваа млада дама успешно го комбинира со актуелните модни трендови. Во своето слободно време Марија успешно го води својот блог кој го има веќе 4 години, пие кафиња и е на Инстаграм.

 

Маркетинг

Марија застана пред објективот на Ерина Богоева и ги направи овие фотографии за нашиот магазин, а воедно не инспирираше и да позборуваме со неа за модата, трендовите, за она што го мисли за модната сцена во Македонија, но и за многу други интересни теми.

Кое е едно парче облека без кое твојот плакар би бил неподносливо празен? 

Без размислување моите омилени Birkenstock сандали. Беше љубов на прв поглед и се најудобното нешто што некогаш сум го носела. Всушност, тие се  must have секаде и секогаш, од април до октомври.

Маркетинг

 

Кое би го забранила?

Мислам дека за секое парче облека може да се пронајде вистинскиот сопственик, што ќе знае на кој начин и во која прилика да го носи. Сепак, секое парче облека е направено со некаква цел и целна публика, нели?

 

Каде најчесто купуваш облека и кои се твоите омилени брендови?

Тешко прашање. Мојот плакар се претура со премногу парчиња облека од премногу различни брендови. Обожувам се што е наследено од плакарот на мајка ми и баба ми. Винтиџ парчињата имаат посебно место кај мене. Но, не сакам да звучам клише, се разбира дека се пронаоѓам и на излозите на Zara и Mango, а често знам да залутам и низ штандовите на H&M.

 

Колку ти треба да се средиш за излегување?

Ако ме прашувате мене, би рекла околу 15 минути. Но, ако сакате да ја доловите реалната слика, прашајте ги моите пријателки – сигурно не би се согласиле со мојот став, па би рекле околу час и 15 минути. Ако сум сосема искрена, од половина час до четириесет минути ми е сосема доволно.

 

Твоја омилена блиц комбинација?

Моите „mom jeans“ се секогаш тука да спасат ситуација – искомбинирани со било која casual маичка и како што веќе споменав, омилените Birkenstock.

 

Најдобриот стилски совет што некогаш си го слушнала или прочитала?

Секогаш носи го она што ти е најудобно и сметаш дека најдобро ти стои. Не може секој будно да ги следи сите модни трендови и не се  прилега секому.

 

Твоите омилени козметички производи?

Кога се во прашање козметичките производи, не претерувам – обично го користам само најнеопходното. Можам да издвојам неколку производи без кои не можам да си го замислам секојдневието: „Golden Rose Terracotta Blush – on“, што всушност го купив мислејќи дека е хајлајтер, подоцна сфатив дека е руменило (очигледно не сум БАШ најдобра во бирање шминки), но се покажа како одличен бронзер. Nuxe вазелин, кој ги спасува моите усни, а мириса на цитрус, мед и кора од портокал и бакнување – боженствено. Трето, би ја издвоила пудрата Aura Cover Me, со целосна покривност на мојата делумно проблематична кожа. За нанесување на шминката ги користам ултра меките четки на Real Techniques, од кои сум многу задоволна. А, за отстранување на истата, мислам дека мицеларната вода на Garnier ги победува сите останати отстранувачи на шминка.

 

Омилен домашен и омилен странски дизајнер?

По посетата на бројни модни викенди во Скопје, како омилени домашни дизајнерки би ги издвоила Мила Кадриу и Ирина Тошева со кои преку соработка имам изградено одличен однос.

 

Би можела да се замислам во скоро секое нивно парче и со нетрпение ги чекам новите колекции. Омилен странски дизајнер –  Manolo Blanhik, си имам ветено дека еден ден ќе ги имам фамозните салонки на Кери Бредшо.

 

Што ти е следно на шопинг листата за облека за оваа сезона?

По попустите и целата еуфорија која ме држеше се дури не завршија мислам дека и не ми е дозволено да имам шопинг листа, ниту да мислам на шопинг. Но долколку би ја имала (мамо ја немам, стварно), прво би штедела за долг капут или нови очила за сонце.

Фото: Ерина Богоева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button