Оживеала по два дена во мртовечница – во живот ја вратил Исус Христос, па поради чудото што и се случило станала христијанка
Муслиманка што беше прогласена за почината, лежела во мртовечницата во Москва, цели два дена.
Фото: Printscreen/Youtube/MSNBC (илустрација)
Но одеднаш се вратила во живот и веднаш ја соблекла својата болничка облека
Според нејзиното сведочење, Сабина (тоа е нејзиното име) вели дека додека лежела во мртовечницата опкружена со мртовци, имала визија на дрво кое расте на врвот на еден бунар, пишува порталот „Assist News“.
Од стеблото на тоа дрво една гранка како да е жива почнала да се придвижува кон неа. Во тој момент гранката се претворила во месо и Сабина ги слушнала зборовите: „Ако ја фатиш мојата рака, ќе те вратам во живот“.
Таа направила како и било кажано. Потоа се разбудила и ги слушнала гласовите на докторите кои низ болницата го барале мртвото тело – нејзиното.
„Жива сум. Не грижите се“, им кажала на преплашените доктори. Медицинскиот персонал и дал вода, облека и храна, и организирале превоз до болницата за истражување во склоп на Московскиот универзитет, а потоа отпатувала во средишна Азија за да го посети својот син кој бил во затвор.
Болничкиот персонал не можел да објасни како Сабина оживеала откако цели два дена поминала во кома, а потоа уште два дена во мртовечница. Кога се вратила во својот дом некаде во средишна Азија, Сабина имала уште едно големо изненадување за своето семејство.
Морам да заминам некаде, им кажала таа на своите ќерки. Заминала во пентакостална црква и ја преобратила својата вера во Исус Христ, откажувајќи се од муслиманската вера. Раката што ја подигнала од мртовечницата, и ја вратила во живот, според неа припаѓала на Исус Христос и тоа за неа е безгрешно. Затоа и така подготвено го прифатила веднаш штом се вратила дома, како благодарност за неговата спасоносна мисија.
Откако им кажала на децата (шест ќерки и син) како се вратила во живот, сите се преобратиле во христијанство.
Минатата година Сабина, која денес има 63 години, сведочеше на преобраќањето и на својата 92 годишна мајка и на внуците во христијанство. Набргу потоа, и нејзината најстара ќерка, која и ова лето била многу скептична кон христијанството, се свртела кон Исус и неговото учење.