Огнен Јанески распали по Владата: „Треба да им ги заклучат тоалетите па нека држат во себе урина и измет, вкупно 13 часа!“

Па ова ги премина сите граници

Премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 на прашањето дали ќе се направат некакви исклучоци за сопствениците на домашни миленици за време на полицискиот час за викенд, рече дека мерката за полициски час треба да се почитува од сите, а граѓаните да се организираат во согласност со неа. Ова предизвика голем револт кај граѓаните што чуваат миленици во своите домови, па многумина жестоко ги критикуваат ваквите мерки на Владата на социјалните мрежи. Тие наведуваат примери од многу други земји, меѓу кои и во Бергамо, каде на граѓаните им е дозволено да ги изнесат своите миленици на 20 минути. Исто е и во соседна Србија, а и во една Унгарија.

Мерката ја критикуваше и познатиот водител Огнен Јанески кој на социјалните мрежи напиша коментар со кој предизвика реакции кај граѓаните.

Неговиот коментар ви го пренесуваме во целост:

Кој нема куче по дома, особено овие од Влада на РСМ, никогаш нема да разберат дека неодење во тоалет е сериозен проблем за миленичето. Впрочем како што би било и за човекот, доколку се најде во иста ситуација.
Еве на пример, предлагам, во Владата да им ги заклучат тоалетите, море нека им ги заварат вратите од 16 до 5 часот, па нека држат во себе урина и измет, вкупно 13 часа, тамам додека се 24/7 на работа. Или може и дома истите мерки да ги преземат. Чисто да видат дали мало к**е вода не држи.
Да се разбереме, не станува збор дека јас сакам да ја шетам Нуглејца, којашто како рептил нема потреба да оди надвор, туку кучињата кои се дресирани да одат надвор, а не дома. Куче никогаш нема да оди дома по нужда, бидејќи знае дека тоа е погрешно. Како што е погрешно и немањето сенс за ова.
Не знам што човек треба да си, за да ја разбереш оваа суштина на живеењето со кучиња како домашни миленици.
P.S. Кој никогаш не живеел со куче во домашни услови дома, да се воздржи од коментари под објавава. Благодарам.

Во продолжение прочитајте и неколку коментари под неговиот пост.

„Едно лице со едно куче, со пасош од кучето и наша лична карта, на 50-100 м од дома, со ќесе во период 20.30-21 ч. И нормално, никаков контакт помеѓу луѓето. Цезар ќе го прврти станот, ќе квичи, ќе трпи, ама НЕМА никако да моча дома. Многу лесно решение ќе беше.“

„Мислам дека се потценува сериозноста на проблемот и се третира како “Аман од тие Анима Мунди”, шо пак на сите добри работи досега, ќе им се тресне од глава тврдоглавоста.“

„Меѓувреме во Германија, го снимав вечерва, на луѓето тука им е дозволено да ги носат милениците да вршат нужда, додека пак во Франција сопствениците на миленици имаат добиено посебни дозволи со кои ги носат надвор.“

„Парис има полициски час,но домашниот миленик дозволено е да се шета во радиус од 1км. од местото на живеење(задолжително носење личен документ,и нормално миленикот😊).Ова кај нас навистина не е хумано!“

Па, кое е вашето мислење за ова?

Facebook Comments
(Visited 33.510 times, 1 visits today)