Овој тажен статус за едно кутре денес го видеа сите што имаат Фејсбук во Македонија – газдата приведен затоа што го качил во воз?!

Многу луѓе денес го споделија статусот на човекот кој објасни како го избркале од воз затоа што сакал да патува со кутре.

Фото: Илустрација

И додека во цел свет, па и кај нас, луѓето дури и во авион патуваат со своите домашни миленици, ситуацијата во Македонски железници е многу поразлична. Барем така тврди овој човек чиј статус ќе ви го пренесеме во целост, а кој очигледно замисли многу граѓани.

Но дали ќе допре и до надлежните и оние одговорните што би можеле да променат нешто, искрено не веруваме.

На социјалните мрежи кај нас често кружат разно-разни статуси за лошиот однос што го имаат поединци кон кучињата, а еден таков денес се издвои со својата содржина од која секој би требало да се згрози.

Имено, еден човек сподели низ каков пекол поминал само затоа што сакал да се качи во воз од Скопје до Велес, со кутре. Кондуктерите не само што го избркале од возот, и покрај тоа што кутрето имало медицинска потврда дека е куче помошник, туку и му викнале полиција, по што дошле дури осуммина полицајци, како да е во прашање некој од најозогласените криминалци што тукушто опљачкал банка.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Целиот статус прочитајте го во продолжение:

Замислете бев, приведен и малтретиран денеска на железничка во Скопје затоа што сакавме да се качиме на воз со миленик !!!

Моето патување од Скопје до Велес се претвори во пекол , поради тоа што се решив да патувам во возот заедно со уште еден активист и со нас да носиме кутре , кое има медицинска потврда дека е куче помошник.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Со возот во 14 часот се качивме не симнаа , изговор им беше што не ја носевме медицинската потврда со нас .

Се буневме , ни повикаа полиција , не држеа пола час полицајците , имаше закани дека ќе не приведат и слични работи .

 

Помина тоа, ги истрпевме полицајците некако , отидовме ја земавме медицинската потврдата се вративме да го фатиме другиот воз во 20 часот . На тој воз исто се случи, иако имавме медицинска потврда и маска за кучето , бевме уште погрубо пречекани од алкохолизирани кондуктери и повикано пак полиција . Кој не исфрлија од возот со се сите работи и со кучето . Дојдоа замислете 8 полицајци , се собраа десетина кондуктери , кој не напаѓаа вербално дека сме биле кучкари и дека во македонски железници никогаш немало куче да се вози . Замислете кај живееме. А ние бевме јас , уште една активистка и дете од 17 години !!!

Значи во оваа држава ако немаш пари за кола, не можеш миленичето да го носиш никаде!!!

Ова мора да се смени, и затоа повикувам на протест сите со кучињата да им отидеме таму да ги блокираме , и да видат дека насилието на Македонски железници над животните не може ќе им помине !!!, пишува Димче Ацков во својот статус на фејсбук.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Во продолжение погледнете ги и коментарите на корисниците на социјалните мрежи:

Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Интересно е и тоа што во правилникот за животни на Македонски железници пишува дека живи животни не смеа да се внесуваат во патничките вагони и вагоните за ручање. Но исто така и дека е дозволено внесување во патничките вагони на мали припитомени животни затворени во кафези, кошари или други погодни пакувања, ако можат да се сместат како речен багаж. Дозволено е исто така да се внесат и мали кучиња кои не им пречат на останатите патници и ако можат да се држат во скут, пишува во овој правилник.

Фото: Приватна архива

Инаку, постот го сподели Диме Ацков од Велес, човекот кој промовира изработка на куќи од природни материјали.

Фото: Приватна архива

Тој е екологист, заштитник на природата, авантурист, досега има направено повеќе работилници во природа.

Фото: Приватна архива

Пред неколку години го изгради единственото екосело во Македонија во близина на реката Тополка во Велес.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Димче живее на ова место во куќа која потсетува на филмот Хобит и која целосно е изградена од природни материјали.

Фото: Приватна архива

 

(Visited 367 times, 1 visits today)