Овој пат е критично – бракот на Меган и Хари е во сериозна криза

Неодамна прославија три години од нивниот брак

Војводата и војвотката од Сасекс, 34 годишниот принц Хари и 38 годишната Меган Маркл се венчаа пред година дена, а оваа пролет станаа и родители на синот Арчи. Парот се запозна пред три години кога почнаа да излегуваат, а според Ангела Молард која е професионален познавач на односите во кралското семејство, токму тригодишнината од нивната врска би можела да биде мошне критична за опстанокот на нивниот брак.

ADVERTISEMENT

„Во врските општо третата година означува пресврт бидејќи тогаш престанува слепата заљубеност и соочување со реалноста. Покрај тоа, тие добија и дете, што е дополнителен притисок и за двајцата, а нивната врска од самиот почеток многу брзо напреднува. Факт е дека не можеа долго време да чекаат ако сакаат да добијат дете бидејќи Меган повеќе не е млада“, вели таа и додаде дека Меган и Хари се потполна спротивност од Кејт и Вилијам, кои пред да ја започнат својата врска имаа долг период на додворување.

„За да успее нивниот брак мора да биде посилен од повеќето. Ќе им биде многу, многу тешко и мораат силно да се потрудат ако сакаат да успеат, и тоа под толку голем притисок кој повеќето луѓе не би го издржале. Меган и самата изјави дека не и е секогаш лесно“, вели Молард и додава дека им претстои период кој е пресуден за нивниот брак.

„Три години се заедно, новопечени родители се и цело време се под лупата на јавноста, но поради своите постапки често доаѓаат и до негодување на кралското семејство. Се надевам дека ќе успеат, но ќе и биде многу, многу тешко и за двајцата“, вели Молард, а пренесе Глорија.

Facebook Comments
(Visited 398 times, 1 visits today)