Овие фотографии ни покажуваат дека Бриџит Бардо и денес важи за безвременска инспирација за летната мода

Ќе се изненадите од стилот на оваа дама

Облека со риги, пуф ракави, стегнат струк, дезен со мали, неодоливи точкички, кошули од лен и мини дамски фустани, како и ретро модели на костими за капење оваа година се апсолутен „маст-хев“ за секоја трендсетерка, а истите овие модели ги фураше и Бриџит Бардо.

ADVERTISEMENT

Познатата француска актерка, пејачка и симбол на убавината беше и вистинска модна икона во своето време, а нејзините модни комбинации и денес преставуваат неисцрпен извор за инспирација на бројни дизајнери што можеме да видиме и од нејзините стари фотографии.

Нејзиното влијание на модата оди до таму што фустаните и маиците со спуштени раменици го добија името во модниот жаргон „Bardot neckline“. Познатата русокоса преферираше да носи дамски модели кои во овој дел ја нагласуваа женската клучна коска и рамењата. Обожаваше да носи и памучни маици со риги кои се задолжителен летен дезен.

Најчесто ги комбинираше со фармерки, бели фустани или шорцеви, а ја прослави и црвено-сината комбинација, како и фустаните со А-крој и со должина до под колената кои исто така обожаваше да ги носи.

Погледнете ги нејзините фотографии од минатото кои можат да не научат во која облека се исплаќа да инвестираме.

Кога ќе погледнеме какви костими за капење обично носела Бриџит Бардо, ќе видиме дека најчесто „фурала“ привлечни „ретро“ модели, без рамки и со висок струк. Таквите модели и оваа летна сезона не недостигаат во актуелните понуди низ продавниците на популарните „хај-стрит“ брендови.

Facebook Comments
(Visited 126 times, 1 visits today)