Овие панталони се хит во целиот свет, а ги обожава и една од најпознатите Македонки на Инстаграм

Овој модел е полн погодок

Во нив ќе ви биде удобно, но и ќе изгледате одлично.

Тие им се омилени на многу познати дами и важат за еден од клучните трендови за оваа сезона.

Со еден ваков модел на панталони не ја жртвувате ни вашата удобност, ни стилот, па затоа и ќе доминираат во текот на летните месеци. Имено, „Џогер“ панталоните со многу џебови оваа сезона го доживуваат својот врв и ќе ги гледаме многу често и на нашите улици.

Тие им се омилени на многу жени како заради удобноста, така затоа и што стојат подеднакво добро на секоја градба на тело.

Фото: Инстаграм

Кога прашавме една наша пријателка која во последните месец дена речиси и да не излезгува од ваквите модели, зошто толку ги сака, ни одговори дека тоа е затоа што имаат висок струк, па совршено го кријат стомакот. Секако тие се совршен модел за оние што имаат сличен проблем, но и кои сакаат да добијат визуелно фигура на песочен часовник.

Можете да ги носите со вашите омилени високи потпетици и патики, лесно се вклопуваат во спортски варијанти, но и во поелегантните изданија.

Фото: Инстаграм/ Љупка Митрова

Ги обожава и Ева Лонгорија, но и македонската инфлуенсерка Љупка Митрова. Погледнете како ги носат…

Фото: Инстаграм/ Љупка Митрова

Погледнете како ги носат и другите ИТ девојки…

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Facebook Comments
(Visited 281 times, 4 visits today)