Лудо тесто што се прави за момент
Вкусно и универзално тесто од кое можете да замесите леб, пита, пица или кифлички и кое може да ви се допадне посебно заради едноставната и брз подготовка.
Се што ви е потребно
Килограм брашно
500 м млако млеко
200 мл јогурт
2 јајца
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
Коцка квасец
Во сад со брашното со рацете направете вдлабнатина во која треба да го ставите млекото и издробениот квасец кој треба да го посипете со шеќер.
Кога ќе го направите тоа оставете го тестото на нарасте и додадете ги останатите состојки и замесете го во глатко тесто. Доколку е потребно додадете уште брашно, покријте со крпа и оставете го тестото уште малку да нарасте. Од ова тесто можете да правите сé што ви паѓа на уми (леб, пита, пица, кифлички…), а ако го оставите во најлон кесе неколку дена може да стои и во фрижидер и потоа да го подготвите.