Ова осумгодишно дете без рака победи во пливачки натпревар
Овој викенд, во Задар, Хрватска, се одржа регионално првенство за пливање на отворено за лицата со инвалидност.
На овој натпревар посебно се истакна Исмаил Зилфиќ, детенце кое има осум години и кое и покрај тоа што нема една рака успеа да ја победи конкуренцијата на 50 метри грбно. Тој е член на пливачкиот клуб Спид од Сараево, а ова му е втора година како настапува на ова првенство.
„Исмаил е од Зеница, и три пати неделно доаѓа во Сараево на тренинзи, како и другите кои живеат во блиската и подалечната околина на Сараево. Вршиме и други активности, не само пливање, па така нашите членови скијаат, се занимаваат со јавање, одиме на кино“ изјави за хрватскиот портал „Visnjik.hr“ Арнел Капо, основачот на ПК Спид, единствениот таков клуб во Босна.
Целта на неговиот клуб е да ги вклучи децата со инвалидитет во општеството како би биле рамноправни и да живеат исполнет живот.
„Пливањето е само еден од моделите за остварување на целта. Нашите членови навистина се интегрираат на вистинскиот начин, остваруваат значајни спортски достигања и воедно како поединци функционираат што е можно подобро“, објаснува тренерот на малиот Исмаил.
„Сакам да пливам и му се радувам на секој натпревар“, изјави Исмаил кој уверливо го освои првото место, но и срцата на јавноста од целиот регион.