Ова не сте го очекувале – погледнете како изгледа луксузниот дом на Кардашијанката! Најубавото нешто што сме го виделе досега!

Познатата манекенка мислела на секој детаљ додека го спремала своето удобно и топло гнездо.

Манекенката ги отвори вратите од својот луксузен дом во Лос Анџелес на екипата од магазинот „Arhitectural Digest“.

Една од сестрите Кардашијан, која важи и за една од најпознатите манекенки на светот и успешен фото модел, Кендал Џенер, се пофали со своето неверојатно катче во Лос Анџелес каде го минува своето време.

За Кендал главно нешто во уредувањето на куќата било да се чувствува спокојно и атмосферата да е смирувачка.

А тоа очигледно и го постигна.

Дизајнерскиот тим што го правеше ентериерот за луксузната резиденција која што Кендал ја купи пред околу година и пол дена и ја реновираше цела една година се Кетлин и Томи Клементс, како и познатиот дизајнер Валди Фернандез, на чиј детаљ во куќата што се вика Шкорпија, познатата манекенка и ријалити ѕвезда е посебно горда.

Многу сум задоволна со работата што ја завршивме тука. Ова е првата куќа која што ја преуредив од почеток до крај, до последниот детаљ и мислам дека ја отсликува она што сум и каква сум во суштина, објасни Кендал.

Посебен куриозитет беше обиколката на гардероберот на манекенката. Но нема да ви откриваме премногу, туку е ви кажеме само дека покрај гардероберот преполн со брендирана гардероба, кој е во посебна просторија, манекенката има и своја Хана Монтана соба и своја Глам соба.

Погледнете што се’ има во нив и за што точно служат, но не испуштајте го и останатиот дел од нејзиниот прекрасен дом.

Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Фото: Јутјуб/ Принтскрин

Извор: Еспресо.рс

(Visited 48 times, 1 visits today)