Новости

Ова НЕМА да и се допадне на Мила Царовска- компјутерџија и објасни како стојат работите со дигиталните учебници

Advertisement

Позициите и залагањата на министерката Мила Царовска за укинување на печатените учебници предизвика низа реакции.

Advertisement

На социјалните мрежи се споделуваат прашања до Министерката техничките капацитети на децата и училиштата за дигитализација на учебниците, а искусен информатичар вели дека потребно е одржување, трошоци и многу напор за таа опрема да функционира, па според него ниту училиштата, ниту наставниците, па ни родителите и децата не се подготвени за неа.

Николчо Петров е инженер по информатика со над 30 години работен стаж. Бил одличен студент, а сега е високо ценет (и добро платен) стручњак во неговата компанија.

Тој се огласи на Фејсбук и прашува дали на клупите ќе има приклучок за струја на секоја клупа и за секое дете?, пренесува „Експрес.мк“ и додава дека се сомнева дека вакво нешто може да се исполни до септември.

Advertisement
ФОТО: Принтскрин/фејсбук
ФОТО: Принтскрин/фејсбук

Додава и друг аргумент и вели дека на 2-3 одделенија ќе треба барем по еден информатичар, техничко лице за поддршка кои секако се меѓунајплатените професии.

Уште еден аргумент е дека наставниците не се способни за вакво нешто, доколку се рестартира комијутер или исчезне фајл или па се појави каков било технички проблем.

– Знаете дека компјутерската опрема застарува за 3-4 години, нели? (Прашајте ги во книговодство колкава е цената на компјутерска опрема по 4-тата година. НУЛА ДЕНАРИ!). Значи родители со две деца во училиште (ако се биде во најдобар ред, а нема), ќе трошат по 20-30,000 денари секои 2 години за нови лаптопи.

Овој искусен информатичар прашува и дали некој знае колку чинат софтвери и офис алатки, па и антивируси кои се потребни.

– Знаете ли колкав% од учениците кои сега следат online настава пристапуваат од мобилен телефон со МАЛ ЕКРАН КОЈ НЕ Е УПОТРЕБЛИВ ЗА УЧЕЊЕ? Сигурно над 50%. Проверете!

Наведува дека поради пандемијата и работењето од дома поскапела компијтерската опрема, а лаптопите се дефицитарни, а пристапот до интернет е отежнат.

-Знам само дека кај мене дома, со 3 деца истовремено на online настава и двајца родители со online пристап на работа, преку максимален оптички линк на телеком СЕ ГУШИМЕ, па двајца заканувам преку мобилен телефон за да функционираме среќа имаме доволно претплата). Добро, тоа нѐ чини и нешто помалку од 100 евра месечно …

Тука ќе прекинам, затоа што има уште многу.

Од Вас и од Министерството не видов ниту една издржана, убедлива анализа дека сме подготвени за ваква промена. Слушам и читам само „поетски“ изјави за крупно чекорење кон светлата дигитална иднина, за доброто на нашите деца …

Оптимизмот и визионерството се убава работа, доколку се поддржани со реални можности за реализација.

Скокањето од авион е прекрасна активност, но само доколку се има падобран на грбот, уште еден резервен падобран (за секој случај) и умешност да се отворат на време.

Инаку …, вели Николчо Петров на „Фејсбук“, но и наведува и аргументи за кои мисли дека дигитализација на учебници е невозможна мисија.

Се согласувате ли со неговиот став и аргументи?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button