Вирално

Ова момче заработи 50 милиони денари за неколку часа работа

Advertisement

Што мислите колку вреди неколку часа играње видео-игри и неколку напишани реченици на Твитер за тоа?

Фото: Инстаграм

Па ако вашето име е Тајлер Блевинс за тоа би можеле да добиете милион долари. Да, да, добро прочитавте. Тој во светот на социјалните мрежи е познат како Нинџа и важи за најплатениот видео-играч на светот.

Advertisement

Блевинс беше еден од ретките избрани професионалци со голем број фанови кои „Electronic Arts“ ги одбра за промоција на својата најнова игра „Apex Legends“.

https://www.instagram.com/p/Btqtsh2gmf1/?utm_source=ig_embed

 

Advertisement

27-годишниот Тајлер кој е познат и по своите чести промени на бојата на косата, за новата игра на оваа компанија објави Твит на 5 февруари, играјќи пред повеќе од 13 милиони следбеници што ги има на платформата за стриминг на „Twitch“. За тоа, компанијата му плати околу еден милион долари (или околу 50 милиони денари) откри извор за Ројтерс.

https://www.instagram.com/p/Btj15M9ANPp/

 

Претставниците на „Electronic Arts“ одбија да ги коментираат износите, но потврдија дека исто така го ангажирале и полско-канадскиот стример „Shroud“ кој има речиси 6 милиони следбеници на „Twitch“, но и некои други професионални гејмери од целиот свет.

Фото: Инстаграм

Цената на акциите на EA и пазарната вредност се зголеми за 16 отсто, или за 4 милијарди долари, и тоа за само три дена по лансирањето на „Apex Legend“, а еден месец подоцна играта има 50 милиони корисници.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button