Реклама
Наши ѕвезди

Ова можеше скапо да го чини Мики Секуловски – велешанецот имаше сериозни проблеми (видео)

Пејачот откри нешто што никој не го знаеше

Реклама

Мики Секуловски (36) претходната сабота се пласираше во следниот круг од „Ѕвездите на Гранд“, а акапелата што ја изведе ги воодушеви сите.

Имено, тој се натпреваруваше во дуел со Стефан Томиќ, а заради истиот број гласови тие мораа да пеат и акапела и тоа два пати.

Мики цело време со својата енергија воодушевуваше од сцената, но кога го фати микрофонот и ја запеа народната „Јовано, Јованке“ дефинитивно магијата беше најголема, а жирито едногласно гласаше за него.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој веднаш по настапот се огласи за „Гранд.онлајн“ и истакна дека бил сигурен во изборот на песните што го направил и дека вежбањето не му било тешко. Но откри и нешто што никој не го забележа додека беше на сцената, а тоа е дека има проблеми со гласот.

Маркетинг

„Можам да кажам лично за себе дека бев преуморен, по третата песна едноставно ми пукна гласот. Немав повеќе контрола, така што се трудев само да ја истуркам песната до крај. Втората песна во акапела беше малку подобра“, призна искрено шармантниот велешаец кој со својот талент ги воодушевува сите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Цеца го обожава…

Тој исто така додаде и дека не очекувал да дотурка до тука во шоуто, но и дека е изненаден од тоа како е прифатен од публиката.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Мики Секуловски уште од првиот свој настап ги освои сите во популарното музичко талент-шоу, а речиси сите претставници на жирито му порачаа дека може далеку да дотурка доколку ги следи правилата и продолжи да биде така добар.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Имено, композиторот Драган Стојковиќ Босанац уште во првиот круг му порача дека доколку остане вака педантен и прецизен во своите изведби, со Гранд ќе изгради две куќи, а ова го коментираше и Саша Поповиќ, креативниот директор на целата продукција.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Убаво ти кажа Босанац. Имаш куќа која не е завршена, но ако продолжиш вака ќе направиш уште две“, го посоветува тогаш Поповиќ, додека Цеца не го криеше задоволството што има ваков генијален пејач во својот тим.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button