Ова место е убедливо најчесто за зараза од коронавирус: Повеќето пациенти токму ТУКА се заразиле

Новата студија на Американскиот центар за превенција и контрола на болеста ги спореди возрасните лица заболени од коронавирус и оние со негативни резултати од тестирањето. Се покажа дека во првата група двапати повеќе луѓе кои оделе во ресторани и тоа 14 дена пред да се заразат.

Во студијата која е објавена во четвртокот анализирани се податоци за 314 возрасни лица кои во јули се тестирани позитивни на ковид-19 зошто имале симптоми: 154 од нив биле позитивни, а 16о негативни.

Тестовите се направени во 11 различни здравствени установи во 10 американски држави: Калифорнија, Колорадо, Мериленд, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Охајо, Тенеси, Јута и Вашингтон, пишува Си Ен Ен.

Истражувачите од Американскиот центар за контрола и превенција на болести, но и од други институции, детално ги испитувале одговорите на пациентите на прашањето дали носеле маски и по прашањето за нивните различни активности во заедницата, вклучувајќи го и тоа што неодамна ручале во ресторан, оделе во бар или теретана.

Податоците покажале дека 42 проценти од возрасните кои биле позитивни на тестирањето, имале близок контакт со најмалку едно заразено лице, во однос на 14 проценти од оние кои биле негативни, а повеќето блиски контакти – 51 отсто биле со членовите на семејството.

Истражувачите откриле дека 71 отсто од возраснтие лица заболени од ковид-19 и 74 проценти од лицата кои биле негативни изјавиле дека секогаш користеле некој вид заштита на лицето во јавност.

Немало значајни разлики меѓу позитивните и негативните кога е во прашање купуваењето, собирите со најмалку 10 лица во куќа, одење на работа, одење во теретана, сало и верски обреди како и користење јавен превоз, се наведува во студијата.

Истражувањето треба да се дополни со студија со поголем број учесници, а треба да се спомене дека во него не се правела разлика меѓу оброкот внатре во ресторан или во летна тераса на овој вид угостителски објекти.

Научниците истакнале дека рестораните се издвоени како ризично место за зараза поради циркулацијата на воздухот, на што не влијаеле мерките за носење на маски и држење физичка дистанца зошто „додека се јаде и пие, не може ни да се користи маска“, пишува во истражувањето.

Американската агенција за храна и лекови истакна дека студијата не зела во предвид дека во 10-те споменати држави се применувале поинакви мерки на ограничување што било едно до 10 недостатоци, кои ги издвојува оваа агенција.

 

(Visited 193 times, 1 visits today)