Ова е убавата докторка (25) што загина во страшната сообраќајна несреќа што го потресе регионот
Море од солзи за Азра
Во центарот на главниот град во „Босна и Херцеговина“ на 26.05 се случи страшна несреќа што го потресе целиот регион.
Младичот А.Б. е осомничен дека со својот автомобил од марката „мерцедес“ ја усмртил младата докторка Азра Спахиќ (25), како и уште две други лица кои завршиле со тешки телесни повреди.
Осомниченото лице има 27 години и како што пренесуваат медиумите, возел без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба.
„Вчера во Сараево во тешка сообраќајна несреќа како пешак трагично настрада нашата драга колешка, др. Азра Спахиќ. Сите што ја познаваа беа сведоци на нејзината добрина, пожртвуваност и ведриот дух.
На семејството и сите блиски им искажуваме најискрено сочувство заради овој незаменлив губиток.
Азра секогаш ќе ја чуваме во нашите мисли и срца“, пишува на фејсбук страницата на Здружението на студентите на медицинскиот факултет.
Покрај Азра, тешко повредена е уште една девојка (26), која исто така е докторка и за чиј живот се борат нејзините колеги.
Како што пренесува медиумите, таа има внатрешно крварење на мозокот, прелом на черепот и вратниот р’бет.
Повредено е уште едно женско лице, со иницијали С.Е. (21) кое по прегледот во болницата е пуштено на домашно лекување.
Потсетуваме, Армин Берберовиќ (27) од општина Стари Град, во петокот околу 23.30 часот, со својот мерцедес ја усмрти девојката со иницијали С.А (25) и нанесе тешки телесни повреди на лицата С.А. (26) и С.Е. (21).
Нејзината уметничка приказна беше посебна
Азра која што на лице место беше усмртена од несовесниот возач покрај тоа што била докторка, таа во својот град била позната и како уметница.
Нејзината приказна ја сподели туристичко-информативниот портал „посјети.ба“, кој го води Здружението за унапредување на развојниот туризам, зачувување на традицијата и култура „Мапа на културата“.
Од Здружението се огласија на социјалните мрежи по вестите за згаснатиот живот на младата докторка и уметница.
„Секој пат кога ќе згасне еден млад живот ни е тешко. Нејзината уметничка приказна за нас беше посебна. Го имаше тој талент кој на прва се вклопуваше во Мапата на културата.
Потоа решивме да ја презентираме на нашите следбеници. Како што вели самиот наслов, својата приказна за цртање не ја започна на патување, кое што го сакаше, како што ни изјави, но за жал, несовесното возење во алкохолизирана состојба оваа приказна на овој свет ја заврши токму на патувањето кон целта на која не дојде.
Како што ни студентите на Филозофскиот факултет Селма и Едита, Хава и други наши сограѓани заради несовесно возење не стигна на своите одредишта. Нека им е рахмет душата на сите.
Не, не е наше да судиме, но апелираме при седење за волан да се почитуваат сите сообраќајни прописи“, пишува во нивната објава што ја споделија на социјалните мрежи.