Ова е новата девојка на Аца Лукас што го пријави за насилство

На 8 јануари Аца Лукас во Црна Гора направил вистинска драма кога во раните утрински часови во еден познат хотел се степал со својата девојка.

Фото: Инстаграм/ Аца Лукас

Во прашање е Николија Нина Лачевиќ од Подгорица.

Наводно Лукас и атрактивната бринета прво жестоко се расправале, а потоа дошло и до физичка пресметка во еден познат хотел. Тие мораат да се гледаат само во Црна Гора бидејќи на Николија и е забранет влез во Србија. Инцидентот се случил по настапот на Лукас.

Нина за Српски телеграф изјави дека Лукас се однесувал нечовечки кон неа. За време на настапот и двајцата биле нервозни, па и порачал да не гледа во него додека е на сцената, а потоа ја обвинил дека му го расипала концертот. Нему пред настапот нешто не му било добро, па најверојатно затоа и бил нервозен. Потоа и кажал дека за такви работи се расправал и со неговата поранешна сопруга и дека не сака историјата да му се повторува. Кога стигнале во хотелот, почнал да и зборува со повисок тон, а таа му кажала да се смири. Во еден момент ја турнал и таа паднала, што почнале да се удираат.

„Нему толку му беше лошо што му идеше вода на устата, а јас помислив да не е епилептичен напад, па му дадов газиран сок. Набргу дојде полиција, а јас во полициската станица кажав дека имавме само вербално недоразбирање бидејќи ми беше жал за него. Цело време ме молеше да не го обвинам затоа што веќе има проблем со насилство. Не сакав да останам со него, па решив да се вратам во Подгорица. По пат повраќав и јас, па директно заминав во болница и направив лекарски преглед“, вели Нина за „Српски Телеграф“.

Потоа атрактивната бринета се предомислила, па решила да го пријави фолкерот во полициска станица.

Жена бандит

Инаку, како што пренесе Еспресо, Николија Нина Лачевиќ е повеќе пати осудувано лице и и’ е забранет влез во Србија.

Фото: Инстаграм

Таа е припадничка на црногорските криминални групи, а медиумите ја доведуваат и во врска со хрватаскиот бизнисмен Суки, познат градежен могул кој е познат по своите бурни врски со познати убавици од регионот.

На Нина наводно влезот во Србија и е забранет заради блиски врски со луѓе од еден познат криминален клан од Црна Гора.

Таа е припадничка на таканаречената женска банда, а станаа познати кога во јавноста се појави видео на кое брутално тепаат една девојка од Црна Гора. Тие беа осудени на вкупно три години и два месеци заради нападот на девојката, а девојката на Лукас доби година дена и два месеци.

(Visited 5.818 times, 1 visits today)