Ова е невестата на младоженецот што загина на денот на нивната свадба – Марија денес ќе го погреба, еве како се прости од него (фото)

Младоженецот со својот автомобил ги разнесувал гостите од свадбата, излетал од патот и загинал….

Според неофицијални информации, во прашање е 32 годишниот Марко А. од Требиње, кој живее во Белград, а се вратил во родниот град да се ожени.

ADVERTISEMENT

Починал во сообраќајната несреќа што се случила додека ги разнесувал гостите од свадбата, откако излетал од патот и удрил во ѕидот веднаш до патот.

По венчавката во еден мотел во близина на Требиње, на излезот од градот кон Дубровник, несреќниот млад човек ги разнесувал своите пријатели кои му биле гости на свадбата. Неговата сопруга, Марија на Фејсбук, ги информираше семејството и пријателите дека ќе биде погребан на 13-ти мај. „Мојот најсакан сопруг.. Споделете за сите пријатели да бидат известени“, напиша таа во пораката.

Несреќата во која што загина (32) годишниот младич се случила завчера, околу 1 часот по полноќ, во населбата Мокри долови, во близина на Требиње во Херцеговина.

Во автомобилот имаше уште тројца мажи и една девојка, кои биле гости на неговата свадба. Несреќата се случила на новиот кружен тек во населбата Мокри Долови, во близина на Требиње, кога младоженецот кој управувал со автомобил „Алфа Ромео” излетал надвор од патот и удрил во карпа.

Младичот што седел зад младоженецот завршил со прелом на колкот, хоспитализиран е и во моментов е во стабилна состојба. Девојката што при ударот добила фрактура на градите сместена е на интензивна нега во болницата во Требиње, и таа сега е со стабилна состојба. Третиот повреден се здобил со полесни повреди на градниот кош, додека четвртото лице поминал без повреди и не се обратило на докторите.

Портпаролот на полицијата од Требиње потврди дека се случила тешка сообраќајна несреќа во саботата, 40 минути по полноќ, кога автомобил марка „Алфа Ромео“ излетал од патот и удрил во потпорниот ѕид.

Facebook Comments
(Visited 9.704 times, 1 visits today)