Ова е моментот со кој Тамара Тодевска ги воодушеви сите и ги предизвика емоциите

Тамара на сцената ви полуфиналната вечер се појави сама

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Тамара со својот генијален настап се пласираше во финалето на овогодинешната Евровизија. Истакна дека песната „Proud“ ја посветува на својата ќерка Хана која се појавува во нејзиниот евровизиски спот.

Кога заврши со настапот зад неа на големиот видео бим се појави црно-бела фотографија од неа и нејзината наследничка, а овој гест предизвика најмногу аплаузи и воодушевување кај публиката од целиот свет.

ADVERTISEMENT

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Нејзината песна е посветена на сите девојчиња што се борат со предрасудите во нашиот свет полн со предрасуди и нерамноправности, нееднаквост на половите и во така скроениот свет тие најчесто губат.

Но не заради своите можности и желби туку заради постојаните пречки што ги имаат во животот, кои доаѓаат од сите страни.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

По нејзиниот настап, на социјалните мрежи се огласи и нејзината постара сестра Тијан Дапчевиќ со следниот коментар:

„Те сакам сесре Тамара Тодевска. Уште се тресам, маестрално, емотивно, беспрекорно. По кој знае кој пат сум горда!!! Растури! Идеме на победа!“.

Facebook Comments
(Visited 1.302 times, 53 visits today)