„Ова е моето тело, а ова е целулит“ – познатата пејачка ги изненади обожавателите со својата фотографија во бикини

Пејачката одлучи повеќе да не го крие своето тело

Пејачката Деми Ловато (27) од секогаш била отворена со нејзината борба да изгледа добро, а сега покажа и дека не се срами од своите облини, но и од несовршеностите што ги има. Таа сподели необработена фотографија на својот профил на Инстаграм што е реткост за ѕвезди од нејзин ранг и покажа како изгледа во вистинскиот живот.

ADVERTISEMENT

Со хаштагот #NationalCelluliteDay (национален ден на целулитот) таа ја објави фотографијата со интересна порака покрај неа. „Ова е мојот најголем страв, мојата фотографија во бикини која воопшто не е ретуширана. И погодете, тоа е целулитот“, напиша таа.

Деми долго време се срамела од своето тело и го криела зад Фотошоп, но тоа за неа не е вистинска убавина веќе некое време. Таа откри дека сака да започне ново поглавје во животот и да се фокусира да биде автентична.

Пејачката призна дека порано ги ретуширала своите фотографии во бикини што ги објавува на социјалните мрежи, но и дека се срами заради тоа. Сака да им биде инспирација на жените да го прифатат своето тело онакво какво што е. До сега нејзината фотографија има преку 6 милиони лајкови.

Facebook Comments
(Visited 33 times, 1 visits today)