Ова е куќата на 96-годишната Добрила во Дојран – неверојатна бабичка, ова е нејзината тајна
Ова за неа е најубавото место на светот
Неверојатната Добрила Ивановска-Чабриќ и на свои 96 години е полна со елан и живее поприлично бурен живот.
Имено, таа сама патува од Дојран до Белград, со свој автомобил, а ова година направи луда забава за својот 96-ти роденден.
Добрила денес живее во куќа во Дојран која што ја изгради пред речиси половина век и во која денес ужива со своите миленици.
Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Како што деновиве самата откри за „Гранд.онлајн“, идејата да изгради куќа на ова место и дошла сосема случајно, кога во една пригода со колега со кого настапувала во тоа време патувала за Грција, и бидејќи тој го заборавил пасошот, таа отишла кај своите роднини во Гевгелија од каде по потекло бил нејзиниот татко.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
И кога ненајавена се појавила на вратата кај своите роднини, тие се подготвувале да заминат за Дојран, па таа тргнала со нив.
„И така јас дојдов кај нив на терасата, застанав и ја погледнав онаа планина Беласица, езерото, воздухот… Па јас целиот свет го поминав, ваков воздух никаде не најдов. Ја прашав дали има плац за мене, а таа ми вели дека има зад нејзиниот. Веќе утредента веднаш тоа го средив и во општина во 1970 година јас го купив овој плац“, вели Добрила за „Гранд.онлајн“.
„Сите мислеа дека јас тоа ќе го продадам, но кога направив куќа јас ја земав мојата мајка и свекрва, и тука останавме“.
„Еве, тие заминаа, јас го продолжувам животот понатаму. И мислам дека така, уште малку подолго да живеам“, вели искрено Дорила.
Принтскрин/ Јутјуб, ТВ24
Потсетуваме, Добрила во една пригода откри како се уште е толку витална и полна со енергија, потенцирајќи дека исхраната е многу важна.
Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Како што самата вели, таа е вегетаријанец, односно јаде многу малку месо и во главно се исхранува со овошје, зеленчук и салати.
Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Исто така не пие и не пуши, освен понекогаш во друштво, но како што самата вели, тоа изгледа лошо како кога на пиле ќе му ставите цуцла. „Тоа на мене не ми одговара“, изјави таа, а потоа додаде и дека се уште живее бурен живот и дека најчесто си легнува во раните утрински часови, за разлика од многу други стари луѓе.