Ова е главниот симптом за корона – еве како звучи кашлањето на оној што е заразен од овој вирус

Коронавирусот има два клучни симптоми – кашлање и температура.

Но бидејќи се појави сред сезоната на грип и настинка, може да биде тешко да разликувате настинка, грип и Ковид-19.

ADVERTISEMENT

Британското радио сподели аудиозапис во кој можете да слушнете како звучи сува кашлица, која се поврзува со короната.

„Кога кашлате, а не искашлувате никаков слуз, тогаш во прашање е сува кашлица. Во случај со корона не зборуваме за кашлање што се појавува одвреме-навреме, туку зборуваме за константно кашлање за кое нема никоја друга причина како што е пушењето или прочистување на грлото“, вели радио водителката Џереми Вејн која ја пофали новинарката на „БиБиС“, Лаура Фостер, за овој корисен опис на двата главни симптоми за коронавирус.

Таа додаде и дека во случај на температура од 37.8 или повеќе треба да се посомневате во вирусот корона.

Новинарката додаде дека во случај да имате било кој од овие два симптоми, вие и сите со кои живеете треба да останете дома барем две недели, а доколку симптомите се влошат и не престануваат, контактирајте ги лекарските служби кои се занимаваат со пандемијата со корона вирусот.

Facebook Comments
(Visited 45.902 times, 5 visits today)
Loading...