Оваа убавица од Јамајка е прогласена за најубавата жена на светот

Ова е новата Мис на светот

Оваа година девојката што ја освои титулата „Мис на светот“ ни доаѓа од Јамајка. Нејзиното име е Тони Ен Син (23) и беше прогласена за Мис на светот во Лондон.

ADVERTISEMENT

Манекенката од Мексико Венеса Понце де Леона која минатата година беше прогласена за најубава жена на светот беше девојката што и ја предаде круната. Последен пат во 1993 година девојка од Јамајка ја освои оваа титула.

Тони студира женски науки и психологија на Државниот универзитет во Флорида, а сака да стане докторка.

„Пресреќна сум и благодарна на сите за оваа прилика, но пред се мислам на работата што треба да биде завршена, а за која сега имам средства да ја завршам. Подготвена сум да работам. И толку возбудена“, изјави манекенката откако ја освои титулата со солзи на очите.

Нејзина прва придружничка е Офели Мезино од Франција, додека третото место го освои Суман Рао од Индија.

Facebook Comments
(Visited 22 times, 1 visits today)
Loading...