Оваа убавица е ќерка на македонската водителка Ели Танасковска – ПОГЛЕДЕТЕ колку си личат, како да се сестри (фото)

Гордата мама со емотивна објава

Повеќе од 30 години ја гледаме на малите екрани, а за неа времего како да запрело.

Водителката Ели Танасковска која цела своја кариера е верна на Македонската телевизија изгледа подобро од било кога.

Мора да се признае дека на водителката не ѝ можат ништо годините и дека изгледа прекрасно.

Од саботно-неделните утрински емисии, преку неделните попладниња, магазини, до фолк емисиите и фестивалските фолк изданија, кои последниве години ако не и децении не можат да минат без неа како водител.

ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук

Она што малкумина го знаат за неа е тоа дела збоеува повеќе јазици, магистер е по Културни науки, и има неколку специјализации.

Нејзината вонвременска убавина е нешто на кое ѝ завидува секоја жена.

Но, и тоа не е случајно.

ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук

Покрај генетиката, одржувањеро на убавината бара и вложување во себеси.

Водителката е сѐ поубава од година во година, а грижата за себе ја започнала уште кога имала 25 години.

Она што го истакнува во своите интервјуа е тоа дека парите не ги троши на кафеани, не пуши и не пие алкохол, па токму затоа може да си дозволи редовни козметички третмани кои секако не чинат многу.

ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук

Според неа дефиниција за убава жена е жена полна со самодоверба.

Иако ретко зборива за приватниот живот во јавноста, сепак е активна на социјалните мрњжи, каде споделува меѓу другото и фотографии од нејзиното семејство.

Долги години е во брак со својот сопруг Златко. Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Симона и Леона.

ФОТО: Симона Танасковска / Фејсбук

Освен тоа Ели има и нова животна улога – баба.

Нејзината ќерка Симона која долги години живее во Канада стана мајка и на свет ја донесе малата Изабела, која сега е центар на внимание во семејствого.

Ели вели дека има и голема среќа што нејзината ќерка од Канада ѝ испраќа разни препарати за убавина од Канада.

ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук

Со цел да и помага на својата ќерка и почесто да биде со својата внука животот на Ели, по породувањето на Симина се сведе на релација Македонија-Канада.

Но, тоа воопшто не ѝ пречи на водителката. Како што изјави во некои свои интервјуа, Канада е нејзин втор дома. Кога оди таму срцето ѝ пее затоа што е опкружена со најсаканите, со среќни и реализирани луѓе.

ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук

Иако знаела дека нејзините најсакани одат во подобар свет, да живеат подобар и поквалитетен живот, Ели сепак знае да се растажи затоа што е еазделена од нив и да пушти по некоја солза.

Но, сознанието дека Изабела е целосно безхрижно дете и добива максимална љубов од своите родители ѝ дава сила на водителката да издржи далеку од нив.

ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук

По повод роденденот на својата ќерка, Ели напиша емотивна порака и колаж фотографии од детството на Симона, па сѐ досега.

Со својата обкава таа трогна многумина и разбуди емоции кај сите мајки.

ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук

„Ружичка миризлива, око мое весело и секогаш насмеано. Симонче мајкина. Ти го обои цело небо, кога станав мајка. Да можам, да сум птица, да прелетам океан и да те гушнам толку силно, да престанам да дишам од среќа и пак да земам воздух да ти кажам дека те сакам преку небо. Сакам да си среќна и насмеана, распеана.. Да си љубена како што сите со цело срце ги љубиш. Среќен роденден радоснице. И не случајно одбра да се родиш баш на денов на планетата. Зашто си наша Планета. Свети ми сјајно и радосно среќо моја. И со првиот авион да ни се прегрнат душите”, напиша гордата мајка.

ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук

И нејзината помала ќерка е исто така вистинска убавица. Повеќе фотографии погледнете во продолжение:

ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
ФОТО: Ели Танасковска / Фејсбук
(Visited 2.429 times, 1 visits today)