Реклама
Стил

Оваа скопјанка не крие како се чувствува во своја кожа – минијатурниот детаљ ги откри нејзините нозе

Изгледа како милион долари, ретко кој може да и одолее

Реклама

Ги воодушеви сите со својот изглед

Агнеса Органџиева откако го донесе своето тело во топ форма не престанува да не изненадува со своите модни изданија.

Таа овој пат тоа го направи со кожно минијатурно здолниште, а кога ги прекрсти нозете никого не остави рамнодушен.

Маркетинг

Агнеса со својот изглед мами воздишки каде и да се појави, а ова нејзино црно кожно издание дефинитивно е полн погодок.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

На сите ни е јасно дека кожните модели можат на посебен начин да го истакнат убавото женско тело, па дамите што ги носат секогаш изгледаат сензуално и провокативно во нив, без разлика дали се во прашање дневни или вечерни комбинации.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Ова секако се однесува и за кожните здолништа во кои секоја дама изгледа женствено и посакувано, а се совршен избор и за дневните пригоди кога ќе допринесат за вашата самодоверба и ќе ве наполнат со животен елан. Впрочем тоа многу добро го знае и оваа наша позната дама, која со ова свое издание покажа дека ова здолниште ги надминува сите трендови и секогаш изгледа шик.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Кожните здолниште се нешто што ви овозможуваат многу можности за креативност и играње со стиловите, а се што треба да направите е да го изберете вистинскиот модел за себе, кој и обично го носите. Нема да згрешите и доколку решите да избегате од комфорната зона и да пробате покус модел, со кој ќе ги истакнете нозете, но и ќе бидете изненадени кога ќе заклучите како се чувствувате во него.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Можете да ги носите и со долги џемпери и топли капути, а како тоа го прави Агнеса, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Поврзано

Back to top button