Оваа русокоса му го украде срцето на Мрме – тренерот со романтична објава
Познатиот македонски фудбалски тренер со емотивна објава за сопругата.

Игор Ангеловски или во јавноста познат и како Мрме се огласи на социјалните мрежи.
Некогашниот фудбалер, Игор Ангеловски беше и тренер на македонската фудбалска репрезентација.
ФОТО: Инстаграм / Игор Ангеловски
После репрезентацијата на Македонија, Ангеловски го водеше тимот на Горица од Хрватска, но кратко се задржа во клубот и поради лошите резултати, беше сменет.
После неколкумесечна пауза, одново има нов клуб. Станува збор за тимот на Каспиј од Казахстан.
ФОТО: Инстаграм / Игор Ангеловски
Игор не е многу активен на социјалните мрежи, но понекогаш знае да се огласи.
Овој пат имаше убава причина за тоа.
ФОТО: Инстаграм / Игор Ангеловски
Долги години е во брак со неговата сакана Тања, со која има три деца: близнаците Луна и Лука и ќеркичката Леа.
По повод роденденот на Тања, Игор се огласи на Инстаграм:
„Кога имаш жена која те сака и животен сопатник во добро и лошо не си ни свесен колку си богат. Среќен 46-ти роденден љубов моја.
Годините се само бројка“.