Оваа манекенка е прогласена за најубава жена на светот – научниците се изненадени од нејзините совршени пропорции

Бела Хадид е прогласена за најубава жена на светот

Фото: Инстаграм

Според истражувањето на научниците, 23 годишната манекенка Бела Хадид ја понесе титулата за најубава жена на светот.

Според нивните анализи очите, носот, усните, образите, јаболчиците и самиот облик на лицето на познатата манекенка се совршени според поимот за убавина каков што го сфаќале античките Грци. Нејзините пропорции на лицето со 94,35 отсто одговараат на таканаречениот „златен рез“, односно златните пропорции, мерка која што го претставува физичкото совршенство.

ADVERTISEMENT

Познатата манекенка според анализите на овие научници е прогласена за најубава жена на светот со најсовршените пропорции на лицето.

Фото: Инстаграм/ Бела Хадид

Листата со најубавите ја состави хирургот Џулијан Де Силва кој изјави дека нејзината симетрија е најблиску до совршенство.

„Нејзиното лице е најблиску до совршенството. Брадата на манекенката е речиси совршена, а од максималните 100 отсто и совршениот облик на лицето ја делат само 3 проценти. Нејзината симетрија на лицето е најблиску до совршенството. Бела е нова генерација на супермодели и верувам дека ќе доминира во наредните години“, изјави тој.

Фото: Инстаграм

Но хирургот не заборави да спомене дека и таа не е 100 % совршена, па така според истражувањето нејзина најголема слабост е подрачјето кај веѓите.

Второто место на оваа листа и припадна на пејачката Бијонсе, а третото на познатата актерка Амбер Херд.

Фото: Инстаграм

Сестрите на Бела

Инаку, Бела и е сестра на Џиџи, која исто така е позната манекенка. Нивниот татко, Мохамед Хадид од бракот со Мери Батлер ги има и ќерките Алана и Мариела.

Светот најпрво слушна за Џиџи. По неа стигна и Бела, помладата црнокоса убавица која и е сестра и која за многу кратко време ги освои сите. Потоа стигна и помладиот брат Анвар Хадид кој исто така почна да ја разбранува модната сцена шетајќи се во некои моќни бендови.

Тие имаат и други две сестри – тоа се Алана и Мариела за чија убавина и успех најверојатно допрва ќе слушаме.

Во прашање се две ултра модерни и презгодни Хадид сестри кои Мохамед ги доби од својот прв брак со Мери Батлер. Кога се разведе од неа во 1992 година, на кратко беше самец, а во 1994 година веќе ја запозна Јоланда, својата идна сопруга и мајка на Џиџи, Бела и Анвар Хадид.

Фото: Инстаграм

Братот и сестрите покрај истата крв ја делат и заедничката страст кон модата.

Facebook Comments
(Visited 550 times, 1 visits today)
Loading...