Оваа Македонка поседува сé за да биде следната голема „Гранд ѕвезда“ – публиката ја обожава, а жирито има само пофални зборови!

Таа има само 19 години и е велешанка

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Шармантната млада пејачка Мими Јовановска уше од својот прв настап во „Ѕвездите на Гранд“ беше големо изненадување како за жирито, така и за публиката.

Нејзиното прво „ДА“ следуваше од Џенан Лончаревиќ, додека Ѓорѓе Давид викаше на сиот глас „Таа може“.

Мими тогаш доби два гласа, од Џенан и Марија, и на крај заврши во тимот на Џенан. Тогаш прекрасната Сања Кужет ја пофали нејзината убавина, а Поповиќ откри дека има трема бидејќи прв пат е во натпреварот.

Фото: Гранд продукција

Таа на својот прв настап кога се претстави со песни од Џенан Лончаревиќ и Здравко Чолиќ, имаше голема поддршка од семејството. Меѓу нив тогаш беше и Невена Ненси Стојановиќ, нејзина братучетка и поранешната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ која што ја бодреше од бекстејџ.

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Мими има завршено средно музичко училиште, а студира педагогија. Денес важи за една од најнадежните млади пејачки во регионот, а од нејзините настапи во Ѕвездите на Гранд се воодушевени сите – и публиката и жирито, а најмногу нејзиниот ментор Џенан Лончаревиќ.

„Таа има се што и е потребно на една пејачка. Има добар фалсет, добра динамика“, изјави тој во една пригода за неприкосновениот талент на Мими.

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Велешанката го остави без зборови жирито и кога настапи со безвременската балада на Пепи Бафтировски, која многу години подоцна ја обработи и македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева. Бафтировски важеше за еден од нашите најдобри фолк-пејачи, а оваа млада дама на генијален начин ја испеа неговата „Ако згрешам нека изгорам“.

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
(Visited 2.304 times, 1 visits today)