Оваа жена пред 15 години го изгубила синот и останала без дом, a денес е милионерка

Ванеса Огден Мос денес е милионерка и мајка на шест деца, но нејзиниот живот не бил отсекогаш лесен.

Оваа Британка пред 15 години го изгубила синот кој на 5-годишна возраст починал од редок облик на рак на мозокот, по што доживеала нервен слом. Освен тоа, Мос се разделила со тогашниот партнер и останала без дом, па била приморана да живее кај семејството и пријателите.

ADVERTISEMENT

Својата тага, Ванеса ја пренасочила во работата и започнала преку социјалните мрежи да ги мотивира другите на разни начини, од слабеење до развој на сопствен бизнис, а денес има компанија која вреди повеќе од еден милион фунти.

„Никогаш не матурирав бидејќи многу млада останав бремена”, раскажала милионерката која со години била домаќинка без некакви работни вештини. Откако починал нејзиниот син, едвај функционирала нормално и набрзо морала да прогласи банкрот по кој останала и без дом.

Posted by Vanessa Ogden Moss on Среда, 01 ноември 2017

„Живеев кај роднините и пријателите.Имав компјутер, а благодарение на нив и бесплатен интернет”. Тогаш на Фејсбук ја покренала групата “Yummy Mummy” преку која започнала да ги советува новопечените мајки како за краток период да ги изгубат килограмите кои ги добиле во текот на бременоста. Набрзо луѓето почнале да го покажуваат своето задоволство од нејзините совети така што биле спремни да ѝ плаќаат. Со тоа, Ванеса основала компанија и преку неа започнала да води и онлајн курс наречен „Master Classes” каде им давала совети на луѓето како да бидат успешни во она што го прават.

Минатиот месец откако ја издала и книгата „Make A Million From Home”, Мос пријавила профил од неверојатни 1,7 милиони фунти.

Posted by Vanessa Ogden Moss on Вторник, 31 јули 2018

 

„Пред 15 години немав каде да живеам, а минатиот месец бев на летување на Бали, моментално заработувам околу 25 илјади фунти неделно и дадов понуда за нова куќа во Винслоу”, раскажала таа и додала дека дури неодамна сфатила што сѐ постигнала во последните неколку години, а сега за првпат проговорила и за смртта на својот син Том.

„Тешко се опишува како се чувствував откако Том почина. Тој повеќе не патеше, но јас бев скршена бидејќи го нема. Не можев да функционирам, болката ме совладуваше до таа мера што не можев ни да се облекувам”, вели Ванеса која во последните 12 години добила уште три деца заедно со сопругот Бен и додала дека “никогаш не би закрепнала доколку не се фокусирала на тоа да им помага на другите”.

This was a great time in my life. I’d retired my husband and we had all moved into a $3 million beach home in our dream…

Posted by Vanessa Ogden Moss on Сабота, 15 септември 2018

Facebook Comments
(Visited 9.379 times, 1 visits today)