Новости

Оваа жена има 80 години, а изгледа како да има 50. Убедена е дека својот младолик изглед го постигнува со овие три работи

Advertisement

Таа има 80 години, а изгледа како да е во 50-те.

Advertisement

За една жена да изгледа помладо за своите години, потребни се неколку работи што ќе ѝ помогнат во тоа.

Многумина од нас размислуваат за тоа како ќе изгледаме за 20, 30 или повеќе години, или како да го задржиме младешкиот изглед кога веќе ќе преминеме во менопауза. Филомена Варихај најде одговор на тоа.

Оваа госпоѓа која е мајка на четири деца и која неодамна го прослави својот 80-ти роденден успеа и во староста да го задржи својот младолик изглед.

Advertisement

Позитивни мисли за вечна младост

„Секое утро се будам со ентузијазам и чувство дека имам цел”, вели Филомена. „Јас сум благословена со енергија, талент и желба да им помогнам на другите да бидат сé што можат и јас сум навистина благодарна“.

Ова се трите клучни тајни кои го задржаа нејзиниот изглед:

Диета 70-20-10

Ова значи дека 70% од калориите добиени од овошје, зеленчук и житарки, 20% од протеини но од храна како пилешко и риба, а 10% од масти.

„Тоа е многу сецкање и подготвување на храна во текот на денот, што е предизвик за секој од нас, но овој труд на крајот секогаш се исплати”, вели Филомена.

Спорт

„Мојата средна ќерка доби спортска стипендија, но кога таа го доби распоредот за обука пред првата година виде дека тоа вклучува трчање 5 километри, три пати неделно. Таа тогаш ме праша: ’Мамо, ќе трчаш ли со мене?“. Како можев да кажам не “, вели Филомена.

На крајот таа беше во толку добра форма што реши и да се натпреварува. „Го освоив златниот медал во мојата возрасна група, а потоа се навлеков”, вели Филомена и изјави дека од тогаш секогаш го освојувала златото кога ќе се натпреварувала за возрасната група од 40-75 години.

Благодарност

Секој ден, Филомена го запишува она за што е благодарна, и го пишува тоа на парче хартија која ја става во тегла на благодарноста.

„Врската помеѓу умот и телото е толку јасна”, вели таа.

Исто така, тоа може и многу да ви помогне да бидете во форма и гордо да носите бикини и куси панталони и кога ќе бидете на возраст од 80 години.

„Кога сме благодарни, ние сме повеќе склони кон позитивните работи и среќни сме, а тоа прави поголема веројатност и дека ќе изгубите тежина ако сакате да изгубите или да одржите одредена тежина”, вели д-р Стив Боверс, коавтор на книгата „Тајната на најздравите луѓе на светот“.

Кога е во прашање мотивација за вежбање, помага ако имате цел. Поставувањето на целта помага да ги подобрите резултатите и тоа важи за сите што вежбаат, од рекреативни до професионални спортисти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button