Оваа ДАМА е инспирацијата за „Македонско девојче“ – песна која се пее ширум СВЕТОТ – запознајте ја Невенка!

Maкедонија е богата со големо културно наследство но и богата и со преубави песни кои со децении се пеат.

„Македонско девојче“ е песна која е настаната пред 50. години, оваа песна е пеена насекаде ширум светот, но и препејувана од многу изведувачи.

Таа просто стана химна на целиот македонски народ, нема прослава, нема свадба без „Македонското девојче“.

Позади оваа македонска песна стои една интересна приказна, сигурно се прашувате од каде му е инспирацијата на Јонче Христовски за „Македонското девојче“.

„Македонска поезија“ ја открива интересната приказна за „Македонското девојче“ и во продолжение ќе дознаете кое е всушност тоа девојче.

За нејзин „татко” слбодно може да се прогласи бардот на македонската народна музика, покојниот Јонче Христовски.

Тој бил чест гостин во семејството на пејачката Виолета Томовска, со која имал доста голема соработка.

За време на една од средбите во домот на Томовски, кога се славел првиот роденден на ќерката Невенка, настанала токму оваа песна, а за прв пат изведена од Виолета Томовска и Кирил Манчевски.

Погледнете го ТУКА видеото со вистинското македонско девојче, Невенка Росоманова – Томовска.

 

Јонче Христовски беше вистинска легенада на македонската народна музика.

Тој напиша многу познати македонски песни Ој, Вардаре македонски, Македонско девојче… кој ги пееше со големи емоции и со специфичен жар кој само тој можеше на таков начин да ја донесе песната.

Јонче Христовски е еден од неколкуте вистински македонски бардови на народната песна, рамо до рамо со Александар Сариевски, Никола Бадев и Кирил Манчевски.

Огромна е почитта од Македонците по сите континенти, но и од сите кои имале можност да ја слушнат неговата песна да ја видат неговата енергија и жар со кој ги интерпретираше македонските песни, огромна е почитта за неговото музичко дело како најсилен афирматор на македонската музичка и национална посебност и уникатност.

А вечно ќе биде запаметан и по оваа песна која секој Македонец ја знае наизуст:

Ако умpaм ил зaaгинам
Немој да ме жалите
Напијте се рујно вино
Скршете ги чашите!
Хеј хеј хеј ВЕРНИ ДРУГАРИ
Песна запејте.

 

 

 

(Visited 263 times, 1 visits today)