Оваа вонсериска убавица му е сопруга на Дарко Димитров – еве како ја освоил

Еден од најпознатите и науспешните музички композитори и продуценти, Дарко Димитров својата кариера ја започнал уште во средношколските денови, а откри и како ја освоил неговата сопруга.

Иако тој долго време е јавна личност сепак своето семејство го држи подалеку од очите на јавноста, но сепак од време на време знае да сподели по некоја слика и да ги покаже двете ќерки и преубавата сопруга Маја.
Дарко неодамна објави неколку фотографии од зимување со своето семејство и повторно покажа каква убавица успеал да освои.
Двајцата позираат заедно на снегот, а многумина му завидуваат што освоил ваква убавица.

Освен што соработувал со многу познати македонски музички имиња, кај него се обраќаат и многу балкански ѕвезди.

Дарко е еден од авторите на песната „Proud“ со која Тамара се претстави и ги освои седмото место на овој престижен европски музички фестивал, а оваа година тој е автор на песната „Локо локо“ со која ќе настапи српската група Хурикејн на Евровизија.


Дарко е автор и на песната „Круна“ со која оваа година настапи српската претставничка на Евровизија, Невена Божовиќ, а соработува и со многу други познати ѕвезди од регионот како Емина Јаховиќ, Анастасија Ражнатовиќ, Марија Шерифовиќ и многу други. Од македонските пак, досега покрај Тамара Тодевска има соработувано со Елена Ристеска, Каролина Гочева, Роберт Билбилов и многу други.

Тој во интервју за „Репортер“ зборуваше како ја започнал својата кариера уште во средно училиште кога на школска приредба од него било побарано ја испее „Чија си“, легендарната песна на татко му Славе Димитров, Дарко сфатил дека не може да побегне од музиката.

„Не сакав да пеам на приредбата, но ме убедија. Потоа им кажав дека ќе пеам, само ако ми ги поправат оценките. Тогаш компонирав песна за сите професори од училиштето и така тргна сè“, рече тој во интервјуто.
Сепак и покрај богатата кариера, тој вели дека сопругата Маја, со која е заедно веќе 30 години и нивните две ќерки. Во истото интервју за „Репортер“ тој раскажа дека првиот состанок со Маја бил на плоштадот за Денот на независната на Македонија. Отишле да го слушаат неговиот татко како пее и како штовели тој, им се случила магија.

Кај него во студиото доаѓаат многу големи ѕвезди, но тој вели дека не ги дели на поголеми и помали ѕвезди. На нив гледа како на таленти, од кои може многу да научи и да земе од нивниот дел од колачот.
Откри дека српската пејачка Емина Јаховиќ е една од пејачите со која најмногу соработува, но и најчесто влегува во конфликт. Дури понекогаш таа знае од студио да замине со плачење.

„Доаѓаме до судир на енергии и доаѓа до уште подобар резултат. Емина ми е навистина драга, одлични работи имаме направено со неа. Таа е квалитетен текстописец“, кажа Дарко.
Освен што е извонреден во својата професија, тој подеднакво исто посветува внимание и на своето семејство. Вели дека постигнал успех благодарение токму на поддршката која ја добива од својата сопруга Маја и двете ќерки.

Тој и Маја се заедно од почетоците на неговата кариера.
„Се запознавме во училиште. Односно се запознавме во град и така дознав дека таа учи во истото училиште со мене. Наеднаш се случи љубовта.

Истакна дека е многу среќен што нашол жена која има толкаво разбирање за неговата работа.
„Семејството е многу важно да те разбира. Ако почнувам постојано да давам отчет оптоварува психолошки. Мене кариерата ми е долга и успешна бидејќи имам поддршка од сопругата која не ми прави товар. Тоа е среќа што сум нашол таков партнер, можеме да си функционираме како индивидуи, со еден среќен фамилијарен живот.

Таа не сака да оди на настани. Сме имале многу слични погледи. Многу е важи од партнерот да не се презасити. Бидејќи 30 години не е мал период. Имало несогласувања, траеле период, па пак ќе се споиш. Животот е еден компромис“, вели Димитров и додава:
„Не ја оптоварувам со мојата работа. Пробувам да го одвојам тој дел. Не сакам да ги оптоварувам. Тоа е мој дел кај што сум јас Дарко Димиторв. Јас работам за јавноста, но не сакам да слушам многу мислење. Мене ми е битно изведувачот како реагира“, вели тој.

Димитров е горд татко на две ќерки за кои вели дека наследиле чудни гени од него и сопругата. На прашањето како реагираат на големите ѕвезди кои доаѓаат во неговото студио тој одговори:
„Ќерките се како мене. Не ги интересираат музичарите. Има се сликаат со некој, но не им е некој императив. Имаат некој чуден карактер наследено, може покасно ќе покажат. Господ ќе го каже нивниот пат. Јас не сакам да ги наведувам, мене никој не ме наведувал. Пробуваме да сме отворени родители, да разговараме отворено за сите работи“, вели Дарко.

За него најтешка работа на светот претставува тоа да се биде родител и тоа го сфатил откако станал татко. Таа работа бара 24 часа внимание, а болката на детето родителот двојно ја преживува.

„Родител е најтешка обврска. Се е полесно од тоа да си родител. Кога си родител сфаќаш зошто е најтешката професија. Тешко ти е кога преживува детето лоши моменти. Нивниот живот ти е како да имаш два живота. Сопругата е поемотивна, ние мажите ги криеме емоциите, но исто сме емотивни“, заклучи тој.




