Ново ограничување: Полицискиот час на територијата на целата држава од среда ќе се продоложи и ќе трае од 16.00 часот до о5.00 часот утредента

Полицискиот час на територијата на целата држава од среда ќе се продоложи и ќе трае од 16.00 часот до о5.00 часот утредента.

 

Ова на својот фејсбук профил го напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, објавувајќи дека полицискиот час за целата држава ќе биде по примерот на Куманово. За викенд, напиша Бујар, полицискиот час за целата држава ќе трае 24 часа.

Полицијата будно следи дали се почитува забраната за движење по 16 часот во сабота и недела и забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот во текот на неделата (со тоа што лицата од 67 години смеат да се движат само од 5 часот наутро до 11 часот, a младите лица до 18 години, од 12 до 21 часот). Полицијата исто така преку контролни пунктови ја следи и забраната и посебниот режим на движењето на населението (полициски час) во општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделник.
Полицијата во Македонија на неколку места во земјава врши зголемена контрола на полицискиот час.

Секој што ќе се најде на улица во 16 часот и 1 една минута, без разлика дали е во автомобилот или надвор од него, му приоѓа полицијата и следуваат соодветни мерки.

Во овој поглед, Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги повикува граѓаните да бидат одговорни пред себе и кон другите и да ги почитуваат решенијата на Владата на Македонија и да останат дома за да го заштитат своето здравје и здравјето на нивните сограѓани. Премиерот Оливер Спасовски изјави дека против секој кој, без соодветно одобрение, ќе се најде во кршење на оваа наредба, ќе бидат преземени законски мерки и ќе има сериозни санкции, не само парични, туку и затворски.

 

Facebook Comments
(Visited 283 times, 1 visits today)