Нови мерки: Пензионерите и млади до 18 ќе имаат ограничување на движењето во земјава

На денешната прес – конференција министерот за здарвство Венко Филипче најави дека покрај воведениот полициски час ќе се воведе дополнителна мерка за повозрасните и младите.

 

Граѓаните над 65 години и за нив освен полициски час ќе биде ограничено движењето и во текот на денот, освен во утринските часови. Ќе има мерки и за оние кои не се во ризичната група, но го шират вирусот, тоа се младите лица до 18 години, изјави Филипче.

ADVERTISEMENT

Заклучно со денешниот ден во 12 часот, министерот посочи дека 29 нови случаи на заразени од корона вирусот се регистрирани во нашата земја. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до денес до 12 часот е 114. Најмногу случаи, вкупно 65, се регистрирани во Скопје. Дебар е втор со 36 регистрирани случаи, 7 случаи има во Штип, по 2 случаи во Кавадарци и Охрид и по 1 случај во Гостивар и Куманово.

СДСм излезе со нови предлог мерки во прашање се околу 200 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството.

Приватните фирми кои се погодени од кризата државата да обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.Сите функционери и раководители ќе одат на минимална плата. Пратеници, премиерот, вицепремиерите, судии и обвинители за април и мај ќе земат минимална плата. Исто така и јавната администрација и на државно и на локално ниво, истакна Заев.

Ова не се однесува на лекарите, полицијата и војниците. Подобро два месеци со минимална плата за сите отколу да нема за никој.Се предлага и запирање на Законот за извршување до крајот на јуни, одложување на кредитите, помош за медиумските работници и медиумските куќи и помош за спортистите и уметниците.

Facebook Comments
(Visited 56.104 times, 76 visits today)
Loading...