Нови жители во скопската зоолошка- преслатките животни љубопитно позираат пред објективот на камерата

Зоолошката градина во Скопје во последните неколку години драстично ги подобри условите за живот на животните кои веќе живеат таму, но донесе и многу нови видови на животни на кои најмногу им се радуваат најмалите граѓани.

Зоолошката од вчера стана нов дом за шест пингвини, три женски и три машки кои пристигнале од Русија.

„Од Русија пристигнаа и преостанатите шест пингвини од групата (три машки и три женски)

Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски

Пингвините се добро и супер се адаптираат. После пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште“ напишаа на официјалниот фејсбук-профил од скопската зоолошка.

ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук

Освен пингвините, изминатата недела нови жители се и Патагониските мари и џуџести крокодили.

Патагониските мари се нови жители на Скопје Зоо. За првпат, Скопје е дом на овие јужноамерикански глодари кои потекнуваат од патагониската област во Аргентина.

Често ги нарекуваат и патагониски зајак поради сличноста со ова животно. Тие се едни од најголемите глодари и се познати по нивниот специфичен изглед.

Моментално се во карантин, поради адаптација на новата средина, а исто така скопската зоолошка за првпат е дом и на џуџестите крокодили.

ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук

– Скопје Зоо за првпат е дом на џуџести крокодили. Ова се најмалите крокодили на светот и потекнуваат од Конго, Африка“ велат од зоолошката во Скопје.

ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук

На нивната Фејсбук страна често објавуваат уникатни фотографии од животните кои ги сликаат во необични кадри, а една таква беше и фотографија од шимпанзото Коко, кое пред некое време го искористи пролетното сонце за да се сонча.

ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук

По повод Велигден, неодамна беше направена и фотосесија со животните кои позираа опкружени со велигденски и шарени јајца.

Помалку збунети и љубопитни животните од скопската зоолошка градина позираа пред објективот, а еве како изгледаше сето тоа:

ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук
ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук
ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук
ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук
ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук
ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук
ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук
ФОТО: Зоолошка градина Скопје/ Фејсбук
(Visited 38 times, 1 visits today)