Реклама
Новости

Нови детали од ИНТИМНАТА венчавка на Анастасија и Немања во раскошната вила на Цеца Ражнатовиќ

Младата пејачка и овој пат не носеше класична венчаница

Реклама

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, се омажи денес за фудбалерот Немања Гудељ, а организираа и мала интимна прослава во раскошната вила мајката на невестата за избран круг на луѓе.

Првите фотографии од интимната свадбена церемонија ги објави Вељко, синот на фолк-дивата, кој најпрво позираше со зетот и својата сестра, а потоа и со родителите на Цеца, односно неговите баба и дедо.

Од фотографиите може да се види дека на масите имаше од сé по нешто, а исплива и фотографија од огромната торта.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

По ставање потпис пред матичарот, следуваше веселба во кругот на најблиските членови на семејството, како и кумовите на младоженецот и невестата кои заблескаа од радост и среќа заради овој чин.

Маркетинг

Анастасија наместо класична бела венчаница носеше елегантен фустан во кој изгледаше како светските модни икони, а нејзиниот избраник беше облечен опуштено, во панталони, бела маичка и патики.

Фото: Инстаграм

Во домот на Цеца непосредно пред почетокот на церемонијата пристигна и целото семејството на Немања – мајката, таткото, братот и сестрата, кои пред портата на фолкерката ги пречека лично младоженецот.

Фото: Инстаграм

Потсетуваме, Анастасија и Гудељ при крај на август минатата година се заколнаа на вечна љубов во еден манастир во близина на Белград.

Анастасија по венчавката во мнастирот

Фудбалерот тогаш избра бурми од луксузниот бренд „Bvlgari“ кои на сајтот на овој бренд чинат околу 1500 евра.

Фото: Инстаграм

Анастасија во гламурозна венчаница

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Гудељ, на почетокот на минатата година позираше во гламурозна венчаница за емисијата „Цеца шоу“ што се емитува на Блиц ТВ.

Принтскрин/ТВ Блиц, Цеца шоу

Таа тогаш откри како изгледа во венчаница изненадувајќи ги сите оние што одвај чекаа да ја видат пред олтарот во бел фустан.

Анастасија тоа го направи и ја воодушеви јавноста со ова свое гламурозно издание, а како изгледаше, погледнете во продолжение…

Принтскрин/ТВ Блиц, Цеца шоу

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button