Моделот што го обожаваме во нежни пастелни бои…

За помалку од три недели започнува новата пролетна сезона, што значи дека уште од сега размислуваме за најубавите цветни дезени и лелеави комбинации во кои ќе се шетаме низ улиците кога времето ќе се стопли.
Па доколку и вие сте во истиот филм, веруваме дека ќе ви се допаднат патиките што не освоија на прв поглед.
Во прашање е класичниот „Nike Cortez“ модел кој оваа пролетна сезона ни доаѓа во нежни бели, пастелно розови и портокалови бои.

Познатиот бренд за спортска облека и обувки овој модел се уште официјално го нема пуштено во продажба низ своите продавници, но најавено е дека тоа би можело да се случи во секој момент.

Не се сомневаме дека истиот ќе ги освои срцата на многу дами, впрочем како и многу други модели од овој познат бренд.



Погледнете ги и останатите модели…