Ни се враќа трендот што и НЕ беше еден од омилените во 90-тите

Познатите дами повторно го фураат овој тренд

Во модата постојано се навраќаат некои стари трендови, а најактуелните „bubble“ (балон) здолништа кои потсетуваат на издуван балон се повторно ИН. Иако звучи чудно и не толку привлечно, познатите дами го вратија на црвените килими благодарение на познатите дизајнери.

ADVERTISEMENT

Во прашање е тренд од 90-тите кој заедно со уште неколку други од ова време повторно се вратија на модата сцена.

Потполно новиот освежен вајб им го даде дизајнерот на Луј Витон, Николас Гескиер во својата ruise колекција за 2020.

Дури и француската дива Селин Дион која во последно време ги поместува модните граници со своите необични комбинации, не можеше да му одолеа на балон фустаните, па така на ревијата на Александер Ваутиер се појави во креација со раскошни ракави со неговиот потпис.

Louis Vuitton

Па доколку и вие ова лето сакате да им дадете шанса на ваквите здолништа и фустани комбинирајте ги со „кроп топ“ маички, боди, корсети или тесни маици (но со подигнати раменици) со кои ќе ја истакнете вашата линија.

Само внимавајте – модните додатоци и детали нека бидат со едноставни бои бидејќи сепак „балонот“ на здолништето или фустанот треба да ја игра главната улога.

Facebook Comments
(Visited 349 times, 1 visits today)