Ни малиот црн фустан не е обичен кога ќе го облече Лила Филиповска – одлично издание во кое секоја девојка ќе изгледа шик
Одлично пролетно издание на нашата позната водителка
Мораме да признаеме дека шармантната Лила секогаш знае да не изненади со својот прекрасен стил. Без разлика дали станува збор за фармерки во кои најчесто ја гледаме во нејзините секојдневни изданија или тренди фустани со кои ја следиме на телевизија, водителката едноставно знае што и како да го понесе. Впрочем така беше и овој пат.
Имено, изборот овој пат падна на малиот црн фустан кој го носеше на еден потполно нов начин.
Во прашање е модел со гoли раменици, карнери и голем ремен со сребрена тока кој Лила го носеше со супер тренди патики.
Бидејќи не станува збор за нешто што е премногу сложено, а воедно изгледа потполно тренди и шик, убедени сме дема многу обожавателки ќе ја копираат во своите дневни, па можеби и вечерни варијанти, а за да биде се уште поинтересно, таа целото издание го заокружи со големи, висечки обетки и фенси очила за сонце.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Лила?
Во продолжение погледнете уште неколку нејзини шик комбинации од кои може да се инспирирате.