Нина Бадриќ се жалеше дека нема пари и бараше помош од држвата па потоа ја покажа својата луксузна вила

Поради пандемијата со корона вирусот меѓу погодените беа и муичарите, многумина се пожалија дека неколку месеци беа без никакви приходи, и едвај чекаа да се олабават мерките и да почнат со својата работа.
Најгласна поради мерките беше Хрватицата Нина Бадриќ таа јвно се пожали дека нема пари и бараше помош од државата, и по некое време нашироко се пишуваше за нејзината вила на хрватското приморје.
Нина постојано на социјалната мрежа Инстаграм објавува фотографии како ужива на Хвар, а вилата изгледа неверојатно луксузно.
Нејзините делови ќе ве остават без здив. Големите простории, светли бои, но и кујната која има интересни нијанси кои доминираат во домот на Нина Бадриќ.
За потсетување, еве што Нина Бадриќ бараше од државата кога беа строги мерките низ целиот свет пон повод пандемијата со Ковид 19.
– Ова не е хоби, ова не е шега. На многу луѓе им зависи животото од оваа работа. Барам Министерството да го реши статусот со нас музичарите и да ја отвори можноста за нас, во секој случај здравјето е поважно од се, меѓѓутоа да започнеме повторно да работиме – праша Бадриќ.
Обраќањето на Нина привлече големо внимание, а една жена на Фејсбук и понуди работа на Нина.
– За неколку дена започнуваме да собираме компири, триесет хектари, околу Бјеловар и ни требаат работнички, плаќаме 45 евра на ден. Ве молиме известете ја редакцијата дали сака да работи. Може да ги земе со себе и Маја Шупут, Северина, (Марко Грубниќ) и сите оние кои земаа помош од државата околу 650 евра. Само кажете да не доаѓа во тој дизајнерски фустан од 2000 евра, со кој се фалеше пред околу неколку месеци, затоа што врнеше деновиве и тоа е доста калливо – рече жената.