Никој НЕ можеше да верува дека истата девојка е во прашање – беше во ДЕПРЕСИЈА, па ослабна 22 кг и се појави во Гранд ѕвезди

За нејзината трансформација сите зборуваат

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд

Ивана Богичевиќ која се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ ги изненади сите со своето последно издание.

Имено, младата пејачка на сцената се појави во краток фустан и со 22 килограми помалку од својот последен настап.

Пејачката призна дека била во депресија заради вишокот килограми, но денес со гордост го покажува своето тело.

Фото: Гранд

Таа призна дека минатата година немала воопшто самодоверба, но откако дошла во тимот на Вики Миљковиќ, Ташка и Вики максимално се потрудиле да ја врати самодовербата во што и успеале, па сега им се заблагодари заради тоа.

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ

„Ташке ме стави на столче и ми викаше затоа што се плашев од секој што ќе застанеше до мене.“

„И тогаш започнаа сите мои лудила“, изјави русокосата пејачка за „Грандонлајн“, и додаде дека денес ја држи вагата покрај креветот и дека се мери три пати на ден.

„Бев во својот депресивен свет. Порано ме погодуваше кога ќе слушнев негативен коментар, сметав дека сум неважна во оваа работа. Но сега се е потполно поинаку“, изјави самоуверено оваа млада дама.

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ

Карлеуша по нејзиниот настап изјави дека Ивана докажа дека убавината и енергијата се важни за шоубизнисот.

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ

„Мојот глас го дадов за неоспорниот талент и пеењето, но некако е логично и тоа што Ивана пленеше во секоја смисла. Беше тешко да застанеш покрај ваква c*кc б*мба, но и ти машки се бореше“, му порача дивата и на Никола Алексиќ (24) кој исто така помина во следниот круг.

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ

Ослабна повеќе од што има години

Кога прв пат се појави во популарното шоу, 21 годишната Ивана Богичевиќ имаше многу повеќе килограми, но токму затоа сега многумина беа изненадени од неа.

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ

„Не те препознав! Колку е добро кога женско ќе ослабне, кога ќе води сметка да не крка мрсно..“ изјави Карлеуша во претходниот круг кога ја виде промената кај Ивана, но овој пат дефинитивно беше уште поизненадена.

„Повеќе од што имаш години“, коментираше водителката Сања Кужет кога ја виде Ивана.

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ

Инаку таа сега е во тимот на Ана Бекута, а овој пат настапи со „Какво тело Селма има“ и „Моја штикла“.

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
(Visited 1.205 times, 1 visits today)