Важи за една од најпрефинетите дами кои може да ги видиме на малите екрани, па постојано покажува дека за неа годините се само бројка.
Со години е на малите екрани, а повеќе од евидентно е дека изгледа прекрасно и се чини како за неа времето да застанало.
Миланка Рашиќ која е познат новинар и ТВ водител објави нова фотографија од нејзиното работно место, па напиша:
-Втората емисија „Оскаровски приказни“ започнува во 18.15 на МТВ 1. Ако сакате филмови, врвни актери, филмски песни, ако ги следите Оскарите, тогаш се дружиме за кратко – напиша Миланка.
Совршена кожа, коса и шминка, а она што сите забележаа е дека таа изгледа неверојатно.
Таа и во интервју за „Точка“ зборуваше за себе и својата фигура и на тоа како реагираат луѓето кога ќе ја видат во живо.
– Кога ќе ме видат првпат во живо луѓе кои ме гледале само на телевизија, не можат да се изначудат! Камерата додава килограми и тие очекуваат да сум покрупна и повисока, а јас сум висока 170 см и носам конфекциски број 38!
Во парк кога сум во тренерки и патики, по три пати ме погледнуваат за да се уверат дека сум јас“, рече Миланка.
Миланка откри дека нејзиниот избор е медитеранска исхрана, многу овошје и зеленчук, маслиново масло, јаткасти плодови, мешунки и житарки и пие многу вода.
Се чини дека здравиот начин на живот и многу активност и годи на Миланка па изгледа далеку помладо од тоа што е, па многу помлади девојки може само да и позавидат.