Никогаш не сме ги виделе олку среќни – еве како Татјана ужива во НЕЗАБОРАВНИТЕ МОМЕНТИ со својот сакан партнер

Една од најпознатите македонски водителки заедно со нејзиниот сакан заминаа на романтичен викенд, па со една фотографија ги воодушевија сите.

Татјана Стојановска, или како што многуина ја нарекуваат македонската Моника Белучи, ужива во љубовта и секој слободен момент го користи за да го помине со саканиот.

Татјана не е многу активна на социјалните мрежи, но фотографиите кои ги објавува нема шанса да поминат незсбележано.

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Во петтата деценија од животот мора да се признае дека Татјана изгледа подобро од било кога. За оваа водителка годините се само бројка и ништо не ѝ можат.

Долги години беше во брак со фолк пејачот Благоја Грујовски, а по разводот со него таа никогаш не се премажи.

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Но, со својот партнер Михаил Китановски кој работи како маркетинг консултант, а со кој е заедно веќе 8 години, како што вели самата, живеат како во брак.

Водителката откри дека се запознале на одмор во Турција пред 8 години и полека нивната пријателска дружба преминала во сериозна врска.

Фото: Фејсбук / Михаил Китановски

Како што самата вели, со Михаил ја врзува искрениот однос и заедничките интереси, како и грижата еден за друг, поддршката и пред се љубовта.

Фото: Фејсбук / Михаил Китановски

Тања откри дека таа е балансерот во нивната врска.

Фото: Фејсбук / Михаил Китановски

„Да, да тој секогаш вика, ти си балансерот. Таква сум малку, како совеста. Се нешто така јас правдам, балансирам… Цел живот е тоа, адаптирање, балансирање, дали е тоа брак, дали е тоа работна позиција, за да имаш хармонија.

Два остри камења не мелат жито, што велат. Иако и Михаил е балансер, можам да кажам дека и двајцата доста балансираме каде што е потребно“, кажа Тања и додаде:

Фото: Фејсбук / Михаил Китановски

„Тој е друг темперамент, јас сум друг темперамент, меѓутоа повеќе вредности не поврзуваат за ставови во животот. Фамилијарност, животна филозофија, едноставно уживаме во хедонизмот во некоја смисла, малку повеќе е хедонист тој од мене, меѓутоа ме научи да станам хедонист.

Многу работи ме научи. Затоа што тој ужива во животот, и сака и другите околу него.

Бевме на многу патувања благодарение на него и сега ми вика:

Е, кога ти викав да одиме да шетаме, а сега во ко ронава, кај ќе шетаме“, раскажа Татјана.

Фото: Фејсбук / Михаил Китановски

Дека парот ужива во патувањата зборуваат и фотографиите на нивните социјални мрежи.

Деновиве тие заминаа на романтичен викенд на дебарски бањи, а Михаил на Фејсбук се пофали во каква убавина уживаат.

Фото: Фејсбук / Михаил Китановски

 

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

Фото: Фејсбук / Татјана Стојановска

 

 

(Visited 2.797 times, 1 visits today)

Популарно